1800 визуелни ефекти подоцна

Брзи и бесни и FX3X

Македонското студио за анимација и продукција на визуелни ефекти ФХ3Х во соработка со Moving Picture Company (MPC) од Ванкувер се дел од ефектите на најновото продолжение на Брзи и Бесни кое повторно се прикажува кај нас во Cineplexx, пред премиерата во Америка, овојпат со еден ден предност.

Режисерот на филмот Justin Lin вели дека со супервизорите за визуeлните ефекти се шегува што на филмови како Хари Потер тие блеснуваат во полн сјај, но на вакви филмови, доколку се забележи визуелниот ефект, тогаш тие не си ја завршиле добро работата.

Дел од екипата која работеше на тоа драматичните визуелни ефекти да останат невидливи за голото око на љубителите на филмот и тие непречено да уживаат во адреналинот се и ФХ3Х. На овие ефекти работеше екипа од 52 артисти во период од почетокот на февруари до средина на март оваа година и се работеше на 171 shot или 7,6 мин од филмот за компанијата МПЦ од Ванкувер.

Ликовите во филмот кој не забавуваат повеке од 12 години се неодоливи: знаат се за автомобилите, не се интересираат многу за другите работи, видовме дека стекнуваат финансиска сигурност за да бидат безгрижни, и уште нешто што е многу важно за оваа банда: ад хок чувство за семејство, што ги прави единствени. Она што е интересно во ова продолжение е што оваа банда на трагачи по адреналински авантури влетуваат во центарот на џет-сетот и убавиот живот на скапа електроника, приватни џетови и ексклузивни локации низ светот.

27 мај 2013 - 09:31