Нов во секој поглед

HTC One

Пазарот на мобилни телефони станува сè подинамичен и побогат со нови уреди, но HTC One е оној што отскокнува од низата нови смарт-телефони поради својата исклучителност и новитети. Тој го редефинира концептот за тоа што значи еден смарт-телефон и ги подига очекувањата до неверојатно високо ниво. Запознајте се одблизу со HTC One и подгответе се за вистинско воодушевување.

Со префинета алуминиумска изработка и бескомпромисна конструкција, HTC One има модерен, софистициран дизајн. Воедно, благодарение на заоблените краеви, тој е практичен и исклучително удобен.

Со HTC BlinkFeed™, секогаш ќе бидете во контакт со светот, бидејќи сите Ваши омилени содржини се прикажуваат во реално време, на еден екран. За да бидете во тек со случувањата околу Вас, доволно е да ги одберете оние социјални мрежи, вести или сајтови за коишто сакате да добивате известувања и тие ќе се прикажуваат во реално време на Вашиот почетен екран. Со HTC One - пулсот на светот Ви е на дофат на дланка.

HTC Video Highlights автоматски ги селектира најдобрите моменти од Вашите фотографии за да добиете фантастично шоу во траење од 30 секунди, без потреба на посебни вештини или комплициран софтвер. Одберете и некоја од одличните музички теми за посебен ефект, а доколку сакате, може и да го промените редоследот на сцените. Потоа веднаш, со еден клик, прикажете го и споделете го Вашето видео, така што ќе можете да уживате во него во друштво на Вашите најблиски.

Потребни се повеќе фотографии за да се претстави еден момент. Затоа, новиот HTC One доаѓа со HTC UltraPixel сензор, карактеристичен за овој уред. Поставен на самата камера, го подобрува квалитетот на фотографиите и видеата. Ова им овозможува на корисниците подобра резолуција, со до 300% повеќе светлина. Ги изразува деталите на самата фотографија, ги потенцира сенките и ја збогатува фотографијата со подобар контраст. Притиснете на копчето и HTC One автоматски прави до 20 фотографии и снима видео од 3 секунди - за да го претворите Вашиот фотоалбум во живописна, впечатлива галерија.

Најчесто, телефонските разговори на бучно место, полно со луѓе, знаат да бидат предизвик. Кај новиот HTC One, овие недостатоци се надминати со помош на функцијата Sense Voice. Овој смарт-телефон има вградени двојни микрофони кои детектираат голема врева во околината и потоа ја засилуваат јачината на гласот на Вашиот соговорник. Отсега уживајте во јасни разговори.

Споделувањето музика или видеозаписи со пријателите благодарение на новата функција BoomSound™ станува вистинска забава. Двата предни стерео-звучници, опремени со вградени засилувачи, даваат квалитетен звук со помала дисторзија и повеќе детали. Споделувајте музика, видео, игри, отсега со моќен звук.

Иновациите на HTC One, кој е достапен во салоните на Vip, допрва ќе ги менуваат нештата во мобилната технологија . Побрзајте и одблизу почувствувајте го неговиот ефект.

(комерцијален текст)

1 јули 2013 - 10:28