комерцијален текст

Пораки до Скопје

Скопје, градот во кој што сме ги научиле првите зборови, сме ги направиле првите чекори и сме ги бакнале првите симпатии. Градот што го спојуваме со многу среќни сеќавањa, пред 50 години доживеа катастрофален земјотрес, но продолжи да живее.

За да се одбележи овој ден, започна акцијата "Го сакам Скопје". Искористете го хаштагот #госакамскопје на Facebook или на Twitter и станете дел од оваа прекрасна акција. Споделете дали го сакате поради топлиот бурек во 5 сабајле, поради шмизлите во парк, кафаните во Дебар мало или мирисот на липите. Каква и да е вашата причина ние би сакале да ја чуеме.

#госакамскопје
#gosakamskopje
#еduashkupin

19 јули 2013 - 13:02