Собирање и трошење на Мој клуб поени во над 250 продажни места

Секој T-Mobile корисник може да собира или да плаќа со поени во партнерската мрежа или да нарача подароци, телефони и услуги од Мој Клуб каталогот. Програмата за лојалност Мој клуб е проширена со партнерската мрежа на Тинекс, Космо, Нептун, и сите брендови на Fashion Group. Најголемата програма за лојалност опфаќа околу 1,5 милиони корисници на T-Mobile и Т-Home.

Од денес, 10 јули, проширена е Мој Клуб – најголемата програма за лојалност на Т-Home и Т-Mobile, во над 250 продажни места низ Македонија. Оваа програма значи дополнителни поволности за корисниците на Т брендот. Отсега, освен поените собрани преку користење на услугите на Т-Mobile и Т-Home, со секое купување во партнерската мрежа, корисникот ќе може да собира Мој клуб поени, но и да купува со нив во која било од продавниците на партнерите. Партнери на Т брендот се: Тинекс, Космо, Нептун, сите продажни места на Fashion Group, како и туристичката агенција Travel Solution.

Оваа нова поволност сега важи за сите пост пејд и припејд корисници, физички лица и компании, кои имаат Т-Mobile број.

„Направиме суштинска разлика на пазарот. Денес ја проширивме програмата и од компаниска ја направивме национална. Заедно со нашите партнери воведуваме комплетно ново искуство, дополнителни вредности и секојдневно работиме на зачувување и наградување на корисничката доверба. Целта на оваа програма и ваквото обединување на успешни брендови во Македонија е да се овозможи дополнителна придобивка и да се обезбедат задоволни крајни корисници". – изјави Жарко Луковски, Главен извршен директор на Т-Mobile Македонија.

Собирањето поени во Мој Клуб е едноставно и брзо и важи за секој тип на плаќање. Поените се собираат при плаќање сметка на каса во која било продавница од партнерската мрежа. Т-Mobile корисникот треба да се јави на бесплатниот број 180, со приближување на телефонот до терминалот да му се евидентираат поените и на крајот да ја земе потврдата со бројот на доделени поени на корисничкото салдо. Корисникот ќе има можност, преку MyT-Mobile, во секој момент да го следи своето салдо со поени и да планира каде сака и може да ги потроши.

Главниот директор на Македонски Телеком АД – Скопје, Тило Куш, додаде дека креирањето на ваквите кориснички поволности е она што го прави Т брендот не само технолошки лидер, но и вистински иноватор на процеси и модели и со тоа го ставаат пред било кој друг конкурент на пазарот.

Повеќе информации за Мој клуб програмата, како и за собирање и купување со поени во партнерската мрежа може да се најдат на www.t-mobile.com.mk, на бесплатниот телефонскиот број 122 и во продажните места на партнерите.

(комерцијален текст)

 

10 јули 2013 - 16:10