комерцијален текст

Контролингот битен за функционирањето на компаниите, но и за јавните институции!

Резервирајте го 31. мај во Вашиот деловен календар, се одржува 2-та конференција за Контролинг. Организатори се Трипле С Гроуп и Алтиус Советување од Загреб кои што ги поканија регионалните експерти од Хрватска пред македонските топ менаџери да ги споделат сопствените искуства .

Темите на конференцијата се: "Контролинг – носител на успехот", "Кому му е потребен контролингот", "Контролен извештај", "Информативна технологија и контролинг", "Контролинг на трошоци", "Задачите на контролингот на оперативен степен VS. Задачите на конторлингот на стратешки степен", "Контролинг на човечките потенцијали"

Конференцијата е со хуманитарен карактер и собраните средства ќе бидат наменети за Здружението на граѓани за мотивација и посреќен, поисполнет и попродуктивен живот на сите луѓе, НОВА ИСКРА, конкретно за лекување на Искра Донева која има целебрална парализа и за чие подобрување на здравствената ситуација потребна и е трансплантација на матични клетки.

Бидете дел од оваа конференција и помогнете ѝ на Искра. За сите информации обратете се на: 02 3112 048 или office@tsgroup.mk

21 мај 2013 - 15:31