Да речеме дека не го знаете Тихо, и дека не сте читале ништо од него. Почнувате од задната „корица", биографијата, и гледате дека бил три пати на Света Гора. Аха, си велите, стихотвори за кандила, светци и богољубие. После гледате, работел како физикалец, собар, тапкарош и келнер. Хм, можеби кренал раце од религијата, и решил да го конзумира животот во големи залаци и, особено, голтки. Значи Буковски, Дилан Томас, можеби Керуак или Тин Ујевиќ. Сега е професор по литература и светска историја - сигурно песните му се поучни и со јаки историски референци.