
За да им помогне на граѓаните, кои се зафатени од поплавите, компанијата Пелистерка донираше речиси 24.000 литри здрава и чиста вода од изворот Меџитлија, која деновиве бесплатно ќе се дели на повеќе локации во градот Штип.
"Со овој хуман гест сакаме да им помогнеме на граѓаните на Штип брзо и лесно да се снабдат со питка вода, и патем да се сигурни дека се работи за квалитетна вода. Нашите екипи се на терен, се дели флаширана вода на локации лесно достапни за сите граѓани, а доколку Штип има потреба од поголеми количини на вода за пиење повторно ќе излеземе во пресрет", изјавија од компанијата Пелистерка.