комерцијален текст

Најдобрите од Македонија во ''Најдобрите од Југоистокот''

Хелена Зикова, Љупче Петровски и Елена Ќосевска се тројцата студенти од Македонија кои добија стипендии за обука и стажирање на минатогодишниот конкурс ''Најдобрите од Југоистокот''. Тие се моментално во Грац, уживајќи во придобивките којшто оваа програма на Штаермеркише Шпаркасе и Универзитетот во Грац им ги овозможува.

Нова средина, нова култура, ново искуство и многу ново знаење се нивните заеднички впечатоци. Велат дека меѓународното искуство кое ќе го стекнат таму ќе биде непроценливо за нивната кариера која допрва треба да почне.

''Се среќаваме со многу нови работи, почнувајќи од средината, луѓето, јазикот, културата, банкарскиот систем. Впечатоците се огромни, веројатно ќе треба време се ова да ''слегне'', вели Хелена Зикова која е запишана на економски додипломски студии на Универзитетот "Карл Франценс"во Грац.

Еве што велат и другите наши студенти во Грац:

Овогодинешниот конкурс за учество во програмата ''Најдобрите од Југоистокот'' е отворен до 8 март 2013. Можат да се пријавуваат студентите и дипломците од економскиот и правниот факултет при универзитетот ''Кирил и Методиј'' кои ги исполнуваат критериумите одредени од страна на организаторите.

Повеќе информации можете да добиете на:

www.sparkasse.mk

www.facebook.com/SparkasseBankMakedonija

4 март 2013 - 14:53