Растителните екстракти и етеричните масла со векови успешно се употребуваат за спречување и ублажување на појавата на настинка и кашлица. Mucoplant хербалните лекови на Dr. Theiss претставуваат идеална природна алтернатива за лечење на настинката и кашлицата. Оваа линија препарати ги обединува моќта на природата, традиционалните искуства и строгите стандарди за германски квалитет.
ЗАМОЛЧЕТЕ ЈА КАШЛИЦАТА НАВРЕМЕ!
Тегавецот веројатно е најпозната лековита билка против кашлица, токму затоа и Mucoplant сирупот од тегавец на Dr. Theiss против сува и продуктивна кашлица претставува идеална природна алтернатива на другите лекови за кашлица. Неговата ефикасност е потврдена и со бројни клинички испитувања, па со негова правилна и навремена употреба, успешно ќе се ослободите од кашлицата и гребењето на грлото.
Mucoplant сирупот од тегавец е потполно природен лек кој ја заштитува слузницата и го ублажува нагонот за кашлица. Овој препарат содржи висока концентрација на екстрактот на тегавец, така што освен антитусивно има и благо антимикробно (превенира појава на секундарна бактериска инфекција) и противвоспалително дејство, а го поттикнува и одбранбениот одговор на организмот.
Mucoplant сирупот од тегавец има широка примена – при суво и надразнето грло, настинка и бронхитис, сува кашлица и кај деца и кај возрасни, влажна кашлица, риносинузит, хроничен бронхитис... Екстрактите и етеричните масла на тегавецот се препознатливи и по својата превентивна моќ, па Mucoplant сирупот од тегавец е незаменлив во сезони на настинки и вирози. Уникатноста на овој препарат од богатата палета на Dr. Theiss, покрај високата концентрација на екстрактот на тегавец, ја нагласува и употребата на интегралните засладувачи, како што се медот и сирупот од репка кои во целост ја задржуваат лековитоста и природниот вкус на растението. Токму затоа Mucoplant сирупот од тегавец е омилен кај децата.
Неговата лековита моќ има нагласено дејство доколку се зема со чај или, евентуално, свежо исцеден сок.
„Добра ноќ" – за мирен сон без кашлица!
Уште еден „магичен производ" од еминентните лаборатории на Dr. Theiss наменет за тврдокорната ноќна кашлица која најчесто ги мачи дечињата, е Mucoplant сирупот против кашлица „Добра ноќ".
Mucoplant сирупот „Добра ноќ" ефикасно ја ублажува кашлицата и воспалението на респираторниот тракт. Ја смирува сувата кашлица, го разводнува прекумерниот мукозен секрет и го олеснува искашлувањето, воедно подобрувајќи го квалитетот на сонот.
Освен тегавец, тој содржи и екстракти на темјан, маточина и камилица, кои во текот на ноќта на природен начин ја ублажуваат кашлицата. Има пријатен вкус, а не содржи шеќер и алкохол, па затоа особено се препорачува за децата.
Прочитајте повеќе за овие и останатите природни препарати од линијата Mucoplant на Dr. Theiss на нашата веб страница http://www.natusana.mk/natusana-proizvodi/dr-theiss/mucoplant/