комерцијален текст

Кашлицата и Бршленот

Временски сме во период од годината во кој инфективните заболувања се во ек . Настинките и грипот како лесно преносливи инфективни заболувања ќе засегнат поголем дел од популацијата во овој период на променливи временски температури. Симптомите помеѓу овие две заболувања се многу често слични, најчесто разликата е во нивното времетраење и интензитет кај пациентот.

Симптомите се познати: треска, малаксаност,мускулни болки, болки во грлото и суво грло, појачана носна секреција итн. Еден од најнепријатните симптоми е кашлицата, проблем којшто дополнително го истоштува организмот и ни смета во секојдневното функционирање. Тука е и фактот дека кашлицата е еден од најчестите начини преку кој може да се пренесат инфективните агенси и на тој начин да заболи и друг човек.

Најчесто настинката и грипот првично ги зафаќаат горните респираторни патишта , но секундарно може да се појави дури и бронхитис и пневмонија како посериозни заболувања на долните респираторни патишта. Истите тие може да бидат предизвикани од самите вируси или како последица на накалемување на бактериска инфекција. Кај ваквите пациенти покрај симптоматска е потребна и каузална терапија со примена на антибиотици. Кај вирусните заболувања не е потребна употребата на антибиотици, доволно e да се пристапи кон третман на симптомите којшто го отежнуваат нормалниот живот на пациентот. Изборот на препарати е широк , во прва линија тука се антипиретиците и аналгетиците за да ги подобрат малаксаноста, болките во мускулите,главоболките , покачената телесна темпертура итн. Потребно е да се третира и кашлицата како еден од најчестите симптоми кој предизвикува голем дискомфорт на пациентот а го отежнува и еден од есенцијалните животни процеси- дишењето.

Кашлицата може да биде сува- надразнителна или влажна-продуктивна и кај двата типа треба да се примени симптоматски третман за кој имаме многу можности. Тука се групата на експекторанси, централни антитусици и други хемиски препарати . Сепак и широката популација и лекарите полека се орентираат кон фитотерапијата и се поголемо учество на екстрактите од разни билки со кој секојдневно се среќаваме а имаат големи предности и се далеку побезбедни и подостапни за пациентите. Како хербален препарат од избор чие што дејство е и медицински докажано се издвојува проспанот кој претставува екстракт од бршлен произведен пред повеќе од 50 години од страна на компанијата Енгелхард. Основниот проблем кај кашлицата е натрупаниот мукозен секрет во дишните патишта и спазамот на истите што води до отежнато дишење кај пациентите. Вака натрупаниот мукуз е погодна подлога за раст на бактерии и појава на секундарно бактериско заболување и дополнителни компликации. Екстактот од бршлен со своите активни состојки го стимулира самиот организам да произведе одредена материја -сурфактант, која ке ги обложи најмалите дишни патишта и ке ги одлепи сите туѓиелементи од нив. Дополнително ке ги активира трепките на самите клетки во белите дробови побрзо да го придвижуваат овој секрет надвор од белите дробови. Со овој ефект на активните состојки на бршленот всушност се помага на пациентот да го искашла целиот овој мукозен секрет а со тоа и да си го олесни дишењето.Активните состојки на самиот бршлен исто така делуваат и на мазните мускулните клетки на белите дробови и нивната релаксација со цел практично да ги отвори и прошири дишните патишта што е особено важно посебно кај хроничните пациенти кој имаат проблем со континуирана кашлица.Како таков препарат проспанот е единствен хербален препарат за кој медицински е докажано на кое ниво на кашлицата делува и кој е неговиот механизам .

Бидејки станува збор за хербален препарат предностите во поглед на безбедноста се навистина значителни. Проспанот како таков е лек којшто може да го земаат сите пациенти, без разлика на возраст, од најмладите дечињата и бебињата дури и доенчињата па до возрастните групи на хронични пациенти. Преку крајно развиениот процес на производство и обработка тој е направен да биде максимално безбеден дури и за дечињата под 1 година, што е и потврдено со многубројни медицински испитувања низ целиот свет а притоа досега скоро и да не пројавил никакви несакани ефекти.Ова е препарат наменет за сите пациенти кој поради одредено заболување имаат појава на кашлица. Проспан е добро познат препарат во Македонија и е присутен преку 11 години на нашиот пазар. Како што спомнавме на почетокот од овој текст екстрактот од бршлен за првпат е откриен во Германија и сеуште најизбалансираната формула се произведува таму и се пакува во повеќе форми на брендот проспан. Во Македонија имаме 3 производи од палетата на Проспан тоа се сирупот кој вооедно е најпознатата варијанта адаптиран и за деца и возрастни, шумливите таблети како лесно растворлив компакент начин за земање проспан кај возрасни и капките за инхалација. Сите производи се без шеќер и глутен така да се достапни на целата популација.

Целото ова го прави проспанот најпрепорачуван бренд од педијатрите во 40 земји во светот, број 1 лек во групата на експекторанси во 20 земји и најпознат хербален сируп за кашлица во регионов.

Др. Марјан Маролов

Доктор по општа медицина
Медицински Претставник на Европа Лек, Македонија

29 март 2013 - 18:09