имаме нова бавча

Сандра - Персона нон града

Отвораме ново парче обработлива веб површина за Сандра од Куманово. Како за прпват, малку се страмује па ни пишува прилично коректно иако од неа очекуваме допрва да го разврзе својот дух и кумановска живост. Истовремено, за досегашните дружења бескрајно им заблагодаруваме на нашите Џака (кој уште на непочнат сајт, дојде сам и најмаалски и најфраерски праша како може да помогне) и Адо (кој порасна во одличен раскажувач во чии дописи од Алабама се уживаше со голем ќеиф). Факери, јавујте се за добро и викајте ако има лошо. Тука сме за вас. Одиме кај Сандра која почнува со човекот од кого почнаа (криво - право) многу работи.

11 февруари 2013 - 11:45