Со сирење против кариес

Сирењето за многумина е дел од секој оброк. За појадок, како мезе при средбите со пријателите, во салата, во секоја можна прилика. Едноставно го обожаваат! Но и оние кои помалку го консумираат, сакаме да ги потсетиме на благотворното дејство на македонското сирење од Здравје Радово. Особено ако истото е произведено од квалитетно македонско млеко од еколошки чист регион, со современа технологија токму какво што е сирењето на Здравје Радово.

Сирењата и кашкавалите се вистински деликатес! Не само што се вкусни и хранливи, и можат да се комбинираат со различна храна, тие се богати со многу витамини, протеини и други хранливи состојки неопходни за правилен раст и развој.

Бидете им пример на своите деца! Колку почесто Вие конзумирате сирење, толку и вашите деца од мали нозе ќе преферираат здрава храна, а сирењата на Здравје Радово се токму тоа.

Но она што малку или ретко кој го знае е фактот дека сирењата се одлични во спречувањето на кариесот. Нека не ве изненадува зошто заболекарите токму него го препорачуваат. Особено тврдото сирење благодарение на своите состојки ја неутрализира киселината на забите и го зголемува производството на плунка со што ја штити забната глеѓ и го спречува настанувањето на кариес. Сирењето е дури поделотворно и од гумите за џвакање, тврдат научниците од американската Академија за општа стоматологија. Тие утврдиле дека со џвакањето на сирењето се создава заштитен слој на забите кој ги чува од киселини, од дентална ерозија и од настанување на кариесот.

Сирењето го зголемува нивото на пХ вредноста на површината на забите, овозможувајќи одлична превентива од кариес. Сирењето може да се јаде пред оброк, за време на оброкот и по него. Испитувањата покажале дека децата кои јаделе сирење имаат највисоко ниво на пХ вредност на површината на забите, повеќе дури и од оние деца кои пиеле млеко и јогурт.

За насмевка од соништата, јадете сирење!

(комерцијален текст)

 

4 јули 2013 - 16:33