Магијата на Охридското лето годинава започнa на 12-ти јули со спектакуларниот настап на рускиот баритон Дмитриј Хворостовски на екслузивниот Антички театар и до 20-ти август љубителите на уметноста ќе проследат богата фестивалска програма со бројни концерти и уметнички содржини од областа на театарот, операта и ликовната уметност.
„Еуролинк и понатаму ќе остане верен партнер на најголемата културна манифестација во Македонија. Ни претставува голема чест што имаме можност да придонесеме во реализирање на уште едно извонредно издание на „Охридко Лето„ и да ги подржиме трајните вредности што ги негува овој фестивал.„– изјави извршниот директор на Еуролинк Осигурување, Марија Томеска.
Еуролинк Осигурување АД Скопје уште еднаш ја потврдува улогата на покровител на настани кои се од особена важност за Република Македонија. Осигурителната компанија ќе остане верен партнер и помагач на домашните културни манифестации.