Навивачот на Марсеј кој има искршено 26 телевизори

Има една тешка дилајла по име Мохамед Хени кој многу скапо го изразува револтот кога ќе загуби Олимпик Марсеј. Велат еден пораз го плаќал со еден телевизор во канта или поточно во земја. Пази колку е луд, ги погребува на крај.

Мохамед Хени во Франција е познат како јутјубер и страстен навивач на Олимпик Марсеј кој има веројатно изместена некоја жичка.

На секој пораз на Марсеј крши по еден телевизор. До сега велат дека искршил 26 комада во вредност од преку 10.000 евра, а само оваа сезона има искршено девет за деветте порази во првенство.

И тоа не го прави да речеме со еден удар, туку има цел ритуал. На телевизорот му влегува со палка, со нога, со кацига за рагби, со гола глава, со стол, со што ќе стигне.

Ова е чисто како вовед

Малку ќотек му удри на овој, па уште во вода го фрли

На овој му направи погреб на крај

8 февруари 2019 - 10:15