Отворени писма до министри

Потребно е да знаете дека вашите лекари не знаат како се вика "куче" на латински и не можат да напишат дијагноза. Да вистина е, тие го колнат интернетот во таквите ситуации. А во случаеви каде што има каснување од куче врз човек, еден од вашите лекари кон својот пациент кој имаше само 20 години се обрати со зборовите: "Кучето ќе умре и девојчето ќе умре".

Почитуван министре,
За Вас почитуван министре, кој што упорно се обидувате да го промените здравството во државата. Вие кој што внесувате нови реформи во истото со надеж за подобро функционирање во оваа област. Да, вие кој ги ловите оние кои не ја почитуваат Хипократовата заклетва, вие кој што им кратите од плата на истите за нивните грешки а ги наградувате за нивните заслуги.
Вие почитуван Министре мора да знаете што се случува низ здравствените установи низ градовите. Вие треба да знаете дека во здравствените установи низ нашава чудесна земја Македонија владее тотален хаос. Да, господине Министре невиден хаос за чудење и за жалење.
Потребно е да знаете дека вашите лекари не знаат како се вика "куче" на латински и не можат да напишат дијагноза. Да вистина е, тие го колнат интернетот во таквите ситуации. А во случаеви каде што има каснување од куче врз човек, еден од вашите лекари кон својот пациент кој имаше само 20 години се обрати со зборовите: "Кучето ќе умре и девојчето ќе умре".

Да почитуван министре, лекарот кој треба да внимава како, и што им соопштува информации на своите клиенти во случајов беше и премногу директен, а богами и со погрешни информации. Зарем во рацете на такви личности е потребно да биде нашиот живот и нашето здравје. Во рацете на некојси лекар кој што вели: "Јас сум овде главен и јас ви кажувам дека девојчето ќе умре", "Нема потреба од ништо за спречување кога е во прашање каснување од куче поради тоа што такво нешто може само во Белград да се најде и чини дури 2000 денари". Се прашувам од кога 2000 денари е голема сума за еден живот, и од кога е невозможно тетанус да се најде низ чудеснава ни Македонија? Зар е можно лекарот да каже "да, на вас не ви останува ништо друго освен да одите во црква и да се молите кучето да нема беснило за девојчето да не умре".

Верувајте почитуван министре ова е вистина, да ова е вистинска случка во болницата во Гостивар. Зачудувачки, неверојатно, но вистинито. Г-динот дежурен лекар го имаше токму овој однос спрема нас како негови пациенти. Почитуваниот лекар беше премногу дрзок со неговото однесување, воопшто не излезе во пресрет, ниту пак фрли поглед кон повредениот дел на пациентот заради што бевме одени кај него. А пак дежурните сестри почитуван Министре, ни рекоа "да, кажете, само ние сме премногу гладни па мора да грицкаме семки", и си продолжија со своето мезе. Ах, Македонијо, до кога вака! Но ни тоа не е најлошо од целата ситуација.

Почитуван министре, видовме не видовме побаравме да си ја земеме здравствената легитимација и да си заминеме поради тоа што и повеќе од очигледно беше дека ние во таа здравствена ординација нема да ја добиеме помошта која ни е потребна. Меѓутоа со таа намера успеавме сосила, поради тоа што дежурниот лекар Д. кој употреби сила кон нас рече дека е главен и дека нема да ни дозволи да заминеме покрај тоа што "таков лек (тетанус) сме можеле да добиеме во здравствена установа, а болницата во која сме се наоѓале била здравствена установа без таков лек". Да, присилно успеавме да ја земеме здравствената легитимација и да заминеме а дежурниот лекар со стетоскоп и бел мантил не бркаше по ходниците и болничкиот двор.
Господине министре, ова беше уште едно лошо искуство од нашите здравствени установи, а се надевам дека ќе е и последно доколку продолжите со вашите мерки во здравството. Македонштината не заслужува ваков однос и ваков начин на лекување во здравствените установи во сопствената држава.
М.Д.

31 март 2015 - 15:56