Фото писма на скопски читатели

Безброј пати сме пријавиле во полиција, социјални служби, општина... секогаш е истиот одговор - ,,Ништо не им можеме”. Дури слушнавме дека полицајци кои претходно реагирале, добивале пријави од господата за малтретирање. 

Се работи за строг центар на Скопје, бул. Кочо Рацин спроти Црвен Крст. Група од 10-15 луѓе, секој ден, со години, по завршување на основната дејност - просење низ Центар, се собираат кај контејнерите покрај булеварот. Тука јадат, спијат, мочаат и серат, се пијанчат, се дрогираат, караат, тепаат, носат разно ѓубре (картони, железа, душеци, кревети, стари алишта итн) и најбитно, влегуваат во подземните контејнери, целото ѓубре го вадат надвор и го расфрлаат во радиус од 15 метри околу контејнерите. 

И така секој божји ден!

Изминативе месеци преку 10 возила на станари се обиени на паркингот, скршен прозор, украдено тоа што било во возилото. Стандардно, сторителот не е фатен. А секој втор ден ги гледаме истите господа како одат по паркингот од возило до возило и ѕиркаат внатре. Па не треба да си криминалист да споиш 2 и 2.

Безброј пати сме пријавиле во полиција, социјални служби, општина... секогаш е истиот одговор - ,,Ништо не им можеме”. Дури слушнавме дека полицајци кои претходно реагирале, добивале пријави од господата за малтретирање. 

Па дали тоа значи дека ако никој ништо не им може, треба ние станарите да почнеме да изиграваме шерифи? Да се собереме, да им влеземе со шамари, да ги натераме да си го соберат ѓубрето и да ги дислоцираме? Или сепак ќе се најде некој надлежен да го реши проблемот?

Ги фотографирав изминативе денови чисто да приложам нешто со писмово. Знае да биде многу полошо од ова.

Поздрав,
Цимо

18 мај 2025 - 11:08