Читателски писма за несудените нобеловци

Ја имаме Светлана Мојсов (Оzempic), ги имаме Иван Богески, Мирко Трајковски, Панче Наумов и едно чудо други златни деца низ светов, И покрај сите овие деца, од кај нас за нобелка беше предложен Муртињо -  Абу Даби - Џиновиќ. Тешко е да се пишува и да се чита нешто вакво во овие денови, но некои од децата што загинаа во Кочани ги знаев лично и знам дека имаа потенцијал да станат како овие наброените.

Треки здраво,

Да не ти праќам само линкови до видеа за најчудни голови и авто-голови, да ти пишам дека статијата за Werner Heisenberg е одлична и ретко кој во Македонија (ај да не речам никој) пишува за вакви теми освен off.net.mk; браво за секоја пофалба. 

Иако е тешко овие денови (а и наредните) нешто да се напише, ќе се обидам да те aпдејтнам со некои информации што се значајни за Гетинген (или Goettingen) Универзитетот. 

Готинген е универзитет каде има најголем број на нобеловци по глава на студент, а ако се знае дека таму работеле и добиле нобелки великани како Max Born, Heisenberg, Planck, Debye, Nernst, Enrico Fermie ...а Erwin Neher  (Медицина) и Stefan Hell (Хемија) се сè уште живи Нобеловци од тој универзитет, тогаш се ти е јасно за каков универзитет станува збор во град помал од Битола.

Хајзенберг, омилениот физичар на Хитлер (тогаш за научниците било „или си со Хитлер, или бирај си логор“) со неговиот принцип на неопределеност, кажува парафразирано „не верувај во тоа што гледаш, регистрирај го тоа што никогаш нема да веруваш дека е таму“. 

Таму на тој универзитет  во Готинген на Медицински Факултет работи и проф. д-р Иван Богески (Team | Universitätsmedizin Göttingen) , кој пред 10тина година  заедно со група македонски и германски научници открија модификација на најважен клеточен механизам и докажаа еден начин како губиме енергија (и како полека умираме) во процесите за митохондријален електронски трансфер (за овој механизам добиена е нобелка за Хемија од Peter Mittchel vo 1978). 

Ја имаме Светлана Мојсов (ozempic),  ги имаме Иван Богески, Мирко Трајковски, Панче Наумов и едно чудо други златни деца низ светов, И покрај сите овие деца, од кај нас за нобелка беше предложен Муртињо Абу Даби Џиновиќ. Германците би рекле Wahnsinn!

Тешко е да се пишува и да се чита нешто вакво во овие денови, но некои од децата што загинаа во Кочани ги знаев лично и знам дека имаа потенцијал да станат како овие погоре-наброените. 

Не пишувам ништо повеќе, оти сите сме виновни (ние професорите најмногу) за се ова што се случува во вукојебинава 30 и кусур години. Одете со мир деца златни, а ние останатите...ние чекаме да влеземе во следната...штала.

Рубин Гулабоски

********

Друго од Рубин:

Во бекстејџот на една вест

Агенциски писма на читатели

17 март 2025 - 19:24