Offside

Ако Погачар биде севкупен победник, тој ќе стане најуспешниот велосипедист во историјата на Тур де Франс со пет трофеи, заедно со Французите Жак Анкетил и Бернар Ино, Белгиецот Еди Меркс и Шпанецот Мигел Индураин.

Индијана Пејсерс со луд кош стигна до продолженија и победа во Њујорк

Кошаркарите на Индијана Пејсерс во неверојатен меч славеа 138:135 после продолженија против Њујорк Никс и поведоа со 1-0 во финалето на Истокот.

Неверојатната интервенција на гол линија на Мики Ван де Вен

Во 68-ма минута од големото финале на Лига Европа меѓу Тотенхем и Манчестер Јунајтед, Данецот Расмус Хојлунд при еден кикс на голманот на Спарс Гиљермо Викарио со глава гаѓаше во празната мрежа. Но младиот холандски стопер Мики Ван де Вен (24) направи животна интервенција, најдобра во неговата кариера и спектакуларно ја извади топката од гол. Практично го спаси Тотенхем од примен гол.

Тотенхем е во рајот, победа во големото финале против Манчестер Јунајтед!

Фудбалерите на Тотенхем ја спасија сезоната откако вечерва во историско финале го совладаа Манчестер Јунајтед со 1:0 и се пласираа директно во Лига на шампиони следната сезона. Јунајтед ја заврши катастрофалната сезона, најлоша во историјата на клубот.

Комити ја бојкотираа прославата и скандираа жестоко против Миленко

Најверната навивачка група на Вардар и новата управа, не успеаа да ги стоплат односите цела сезона. Напротив, бесот на Комити, кои инаку имаат 15% од акциите на клубот, вечерва кулминираше на Градски. Скандираа вулгарно против извршниот директор на клубот, Миленко Неделковски, а потоа во знак на протест го напуштија натпреварот на неколку минути пред крај и оставија порака.

Вардар слави на Градски, Купот на Македонија е црвено црн после 18 години

ФК Вардар конечно го прекина долгиот пост и после многу перипетии, сериозни финансиски проблеми и тонење на дното на табелата, слави важен трофеј кој му дава можност да се покаже и во Европа.

Каква е формата во првенство на вечерашните финалисти во Лига Европа?

Никаква. Едниве дури од 16 март немаат победа. Другите од 6 април. Чудно финале.

43. искачување на Титов Врв по повод 100 години ПК Љуботен

Во недела на 25-ти мај ќе се одржи традиционалното искачување на Титов Врв (2.747 метри надморска висина), највисокиот врв на Шар Планина и втор највисок во Македонија по врвот Кораб.

Фото на денот

Италијанската престолнина блескаше во полн сјај изминативе денови.

Сега Мегваер им чини, најдобар играч им бил

„Клупска легенда“, „Лидер, капитениште“, „Карпа над карпите“, „Играчиште, ти реков минатиот вторник кога се видовме“, се само дел од пораките кои навивачите на Манчестер Јунајтед му ги пратиле на нивниот толку многу критикуван стопер Хари Мегваер. Сега му праќаат видео-пораки преку клупскиот канал во Билбао каде го чека финале на Лига Европа против Тотенхем.

Брат брата не рани, тешко кој ги нема Џоб и Џуд Белингем

Наградата која што во 2020-та година ја доби Џуд Белингем суперѕвездата на Реал Мадрид, сега во англиската втора лига Чемпионшип ја добива 19-годишниот Џоб Белингем кој со голем успех игра за Сандерленд.

Ни Шведска не е тоа што беше

На натпреварот меѓу Гетеборг и Естерс во 10. коло од шведската прва лига кој гостите го добија 0-1, еден домашен навивач влетал во терен и со сета сила замавнал кон гостинскиот фудбалер Себастијан Старке Хедлунд. За среќа не го удрил. Пробал да кидне на трибини кај навивачите, но набрзо редари и полиција го нашле и го привеле. Добил 3-годишна суспензија од посета на фудбалски натпревари. Казнет е и клубот Гетеборг.

Син му на Кристијано Роналдо го даде првиот гол за Португалија

14-годишниот Кристијано Роналдо Јуниор, дебитираше за репрезентацијата на Португалија У-15. На меморијалниот турнир „Влатко Марковиќ“ во Хрватска, Роналдо-мали влегол од клупа во 54' минута и постигнал дебитантски гол за Португалија У-15 во триумфот 4-1 против Јапонија. Го прославил се знае како.

Зошто Рафиња на колена го помина цел терен на Барселона?

Бразилецот Рафиња одигра спектакуларна сезона за Барселона и е меѓу најзаслужните што Каталонците освоија шампионска титула во Ла Лига. Тој е сериозен кандидат за Златна топка за најдобар светски фудбалер. По шампионската титула на Барса тој на коленици го поминал цел терен на „Олимпискиот стадион Монжуик“. Тоа му бил латино-американски ритуал во знак на благодарност до Бога. Го направил и еднаш во Лидс Јунајтед кога со гол ги спаси од испаѓање во втора лига.

1 минутна компилација од вечерашното финале меѓу Манчестер и Тотенхем

Не мора да го гледате вечер финалето од Лига Европа. Веќе излезе хајлајтс.

Муса Диаби во стилот на Јамал уште во 27 секунда

Ал Итихад го совлада Ал Шабаб на гости со 2:3. Меѓу стрелците го немаше Бензема, но затоа гол шоу приреди Муса Диаби. Поранешниот фудбалер на ПСЖ, Баер и Астон Вила, се отвори со два прекрасни гола. За првиот ја распали душмански по само 27 секунди игра, а потоа многу умешно го измами голманот.

„Не сум јас кловн“

Меѓу Манчестер Јунајтед и Тотенхем сезонава не се знае кој е помизерен. И едните и другите одиграа сезона за заборав, со порази до порази и катастрофални игри. Но некако се докопаа до финале на Лига Европа и вечерва во Билбао ќе се борат за пехарот и за пласман во Лига на шампиони. Синоќа на прес-конференција, познат новинар од Англија го прашува тренерот на Тотенхем Анге Постекоглу, „што мисли за тоа дека може да стане херој или да биде кловн“ после мечот.

Навивач на ПСВ се одземал од пиење, коњ не можеше да го разбуди

ПСВ прослави шампионска титула на ретко виден начин, во било која фудбалска лига. Абер немаше да го стигне Ајакс, ама овие во последните 5 кола победија само еднаш и ја загубија титулата во финишот. Навивачите на ПСВ се во транс. Овој не можеа од тротоар да го станат. Сателит е направен.

Уште навивач на Арсенал фалеше во Билбао

Сè е во знакот на премиерлигашите во финалето од Лига Европа во Билбао. Вечерва битка за трофејот и за пласман во ЛШ имаат Манчестер Јунајтед и Тотенхем, а меѓу навивачките групи кои веќе се здавија по улици и барови, имаше и еден падобранец кој одлично помина.

Најголемото промашување во кариерата на Де Брујн на последниот меч на Етихад

Кевин Де Брујн со го стори своето во дресот на Манчестер Сити. Заминува како еден од најголемите играчи во историјата на клубот со 16 трофеи во 10 сезони, 421 натпревар, 108 гола и 177 асистенции. Сити го доби Борнмут со 3:1, а белгиската ѕвезда имаше утка, до сега невидена откако го носи овој дрес.

Што гол ќе беше ова на Омар Мармуш?

Манчестер Сити со совлада Борнмут со 3:1 и изби на третата позиција на едно коло до крај. Резултатот го отвори Еѓипќанецот Омар Мармуш во 14 минута на спектакуларен начин. Админот на Манчестер Сити: Ова е гол на сезоната така? Админот на Премиер лигата: Не можам да престанам да мислам на голот на Омар Мармуш.

Прашање на време беше кога ќе се дофатат на улица

Во сè-англиското финале на Лига Европа, вечерва во Билбао ќе се судрат големите ривали Манчестер Јунајтед и Тотенхем. Влогот е огромен: директен пласман во Лига на шампиони следната сезона. А во ситуација кога и едните и другите се над цртата за испаѓање во најмизерните сезони откако играат Премиер лига, овој влог е неизмерно вреден. Десетици илјади навивачи и од Лондон и од Манчестер слетале во Билбао. Не требало многу да се фатат.

Оклахома ја растури и Минесота, доскорешниот тренер на Јокиќ го испофали МВП-то Шеј Гилџес

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер во уште една доминантна победа покажаа зошто важат за екипа број 1 сезонава во цела НБА лига. Во првиот антпревар од финалето на Западната конференција Оклахома со 114:88 ја разби Минесота Тимбервувлс и поведе со 1-0.

Де Брујне се прости од „Етихад“, Гвардиола емотивно заплака

Во уште еден натпревар од бескрајно долгата сезона на Премиер лига, Манчестер Сити синоќа со 3-1 го совлада Борнмут, се одвои на плус два бода од ривалите во борба за местото кое води во Лига на шампиони и го испрати Кевин Де Брујне кој за последен пат играше на домашниот стадион „Етихад“.

Дрското забивање на Шек кое заврши со фрлање баскет по него

Лос Анџелес Лејкерс против Њујорк Никс. Годината е 1999-та, забивач е човекот кој не сакате да ви се падне да го чувате под кош, а гревот е Крис Дадли. Шек го сруши и можеби го претера, а кутар Дадли од очај, баскетот го фрли по него, за што доби техничка.