Разно

17 годишен скопјанец направи 2.604 склекови за 1 час

Давид Ѓоргоќески тренира бокс во боксерскиот клуб „Универзалци“ од Скопје и успеа да урне балкански рекорд со направени 2.604 склекови за 60 минути, со паузи се разбира. Следен предизвик му е гинисовиот рекорд од 2.919 склекови. Што дете ќе беше. Тело малтер.

Анализа на Борис Бекер за разликите меѓу Надал и Федерер

Германската тениска легенда дава оценки за секој аспект од играта на двајцата монструми кои од 2003-та до сега освоија заедно 40 од вкупно 69 Гренд Слем титули. Толку е тесно што му излезе 85:84 за Роџер.

Зошто великанот Рони О’Саливен играше со лакирани нокти?

Најдобриот снукер играч во историјата, синоќа на Отвореното првенство на Англија играше со лакирани нокти во розева боја. Изјави дека го направил тоа во знак на поддршка на кампањата за борба против рак на дојките кај жените.

Најлудите 31 поен на земја во историјата на дуелите Надал - Ѓоковиќ

Два титани со најмногу меѓусебни дуели во историјата на машкиот тенис. Рафаел синоќа во Париз го испраши индиспонираниот Новак како ретко кога во кариерата (Од 300 и кусур натпревари на Гренд Слем, Ѓоковиќ само четири пати изгубил сет со 6:0). А финалето изобилуваше со убави поени, како и секогаш кога играат Шпанецот и Србинот.

Кралот се врати

Во финалето на Ролан Гарос, неверојатниот Рафаел Надал во три сета убедливо го совлада Новак Ѓоковиќ (6:0, 6:2 и 7:5) и го освои 20-от Гренд Слем во кариерата со што се израмни со Роџер Федерер.

Во УФЦ првпат е виден таков нокаут

Жоакин Бакли на невозможен начин го победи ривалот Импа Касангај во втората рунда од турнирот на УФЦ и својата дебитантска победа во шампионатот ќе ја памети по луд нокаут.

Бидна и тоа, натераа ракометари да играат со маски, играше и наш репрезентативец

И покрај тоа што носењето маса е непријатно во нормални секојдневни околности, а камоли играње професионален спорт под нив, во шпанската АСОБАЛ лига им наложи на ракометарите стриктно да носат маски.

Девојката која твори историја - од квалификации стигна дури до полуфинале на Ролан Гарос

Ролан Гарос е еден од најубавите тениски турнири затоа што секоја година инспирира нови приказни со тенисери и тенисерки за кои светот до тој момент не слушнал. Во една таква бајка живее Аргентинката со украинско потекло.

Прогласен победникот на Типстер купот на Спорт лајф

На генерално ниво од финалната етапа, за освоеното 2-10 место следуваа поени за подароци од СЛ маркетот, а за сите останати финалисти Sport Life обезбеди подарок вредносни ваучери за игра.

Како мислиш ној претрка велосипедисти на сред трка?

Велосипедистичките трки на отворено, освен преубави предели, нудат и неочекувани моменти. Како на пример оваа трка во Јужна Африка каде на патеката на трката кај Кејп Поинт им улетува ној и се трка со нив.

Ноле пак ли судијата?

На Ѓоковиќ му се повтори УС Опен и на Ролан Гарос. Нов Гренд Слем, нов удар со топче и тоа овој пат не во врат, туку во лицето на судијата. Но во оваа ситуација помина без казна, бидејќи беше во жарот на борбата и се обидуваше да врати еден удар.

Старт на Типстер купот 2020/2021 на Спорт лајф

Оваа сезона главната премија ќе биде доделувана секој месец во текот на натпреварот, односно секој месец ќе бидат доделувани по 100.000 денари за освоено прво место, 50.000 денари за освоено второ место и 20.000 денари за трето место.

Соничен бум се слушна на Ролан Гарос, Париз се застресе

Тениската среда почна со неколку „бомби“: Прво Ник Кирјос го нарекол Хачанов глуп пеликан, Серена Вилијамс се повлече поради повреда, а на мечот од 2. коло меѓу Стен Вавринка и Доминик Кепфер се слушна страшен звук во далечина.

Надал игра на Ролан Гарос со часовник вреден 1 милион долари

Специјално изработен модел. Тежи само 30 грама а чини астрономски милион долари. Направен е само за Рафа и симулира тениски рекет.

Лудиот подвиг на планинарот кој 24 часа се качуваше на Водно

Како тоа 24 часа? Епа вака: 20 пати се качил од средно до врв и поминал 84 километри на Водно СО ТРЧАЊЕ и со тоа искачил 9600 метри висинска разлика. Јасно?

Прв и последен пат вежбам со личен тренер

Ама ќе ти дадам попуст или ќе ја рипнеме оваа вежба. Ма каков попуст, ќе џогирам на кеј.

Инспиративната приказна за Аргентинецот кој му пружи голем отпор на Новак во финале

Прекар му е “El peque“ или што би се рекло “Shorty“, но кога ќе ја прочитате неговата сторија ќе сфатите дека висината му е последната пречка за да стане професионален тенисер кој во четвртфиналето во Рим го елиминираше Надал. Неговиот пат има длабоко минато кое почнува од прадедо му кој за влакно не завршил во логор.

36 Мастерс титули на Ноле во 36 секунди

По лавината критики кои ги доби за ненамерниот удар со топче врз судијата, најдобриот тенисер во светот им се врати на трофеите на најдобар можен начин. Стана рекордер по број на Мастерс титули, примат кој го делеше со Надал. Рим го освојува по петти пат во кариерата.

Ѓоковиќ го освои рекордниот 36-ти Мастерс во кариерата

Во последните неколку години Новак Ѓоковиќ отворено зборуваше дека сака да испише историја и да ја заврши кариерата како најтрофеен тенисер. Главна цел му е рекорд по број на титули на Гренд Слем и по број на недели по ред како прв на ранг листата.

Во НХЛ пијат расолница и туршија за да издржат преголем напор

Блејк Коулмен е еден од подобрите играчи на Тампа Беј Лајтенинг во најдобрата хокеарска лига на светот НХЛ каде како и во НБА, деновиве се игра завршница на плејофот за титула.

Нов тениски инцидент, овој пат со удирање шише место топче

Французинот Беноа Пер беше доста нервозен во првото коло на Мастерсот во Рим, бидејќи не добил одложување на мечот откако 10 дена бил во изолација поради корона и не можел да се подготви доволно. Бесот го истури на терен.

Доминик Тим е јунакот на неделата, го освои УС Опен со тотален пресврт

Австрискиот тенисер Доминик Тим, предводник на новата генерација тенисери во неверојатно финале успеа да го совлада Александар Зверев и да го крене својот прв пехар на Гренд Слем во кариерата.

После 14 години, се огласи детето кое Федерер го погоди со топче

Страстите околу дисквалификацијата на Ѓоковиќ уште не стивнуваат во тенискиот свет. Сега таа одлука на организаторите на УС Опен ја прокоментира и Хит Џејмисон, на времето дете коа Роџер Федерер со сета сила го погоди во тек на еден меч.

Да, двојни аршини се

Навивајте си вие едни за Ѓоковиќ, други за Федерер и за кој друг сакате, ама не може да не учите што и како треба да објавуваме, кога некои од вас уште на цивилизирана дебата не се научија. Како вика Марјанчо, знаеш како? Пиши од почеток.