Разно

Има право да се начука, освои Џиро д’Италија и Тур де Франс

Историјата за словенечниот велосипедизам и спорт воопшто беше прославена достојно во центарот на Љубљана. На бината се појави херојот Тадеј Погачар кој стана прв велосипедист во 21 век, кој во иста година успеал да ги освои двете најголеми трки, Џиро д’Италија и Тур де Дранс. Ама пивнал. Епа ќе пивне. Заслужил дечкото.

Мега спектакл во Париз, Ѓоковиќ vs Надал

Ждрепката на Олимписките игри во тенис, не можеше да биде попривлечна за неутралната публика, а понесреќна за Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал. Едниот од нив двајца ќе мора порано да ги пакува куферите.

Првиот ограбен олимпиец

Кражбата не е направена во Париз, туку во Брисел, а ограбен е австралискиот шампион во BMX, Логан Мартин, кој освои златен медал во Токио 2020. Го ограбиле додека бил таму на подготовки. Имал голема среќа што велосипедите не биле во обиеното комбе, па крадците му го украле новчаникот, ранецот и уште неколку работи како како на пример сок кој го испиле на лице место. Дел од клупата пронашле во парк, како на пример шлем, ракавици, маса за масажа и други предмети.

До кај нас во канцеларија се слушна како пукна

Не знаеш дали е погласен звукот на стативата или на публиката. Замислете ова да влезеше во гол пречка. Дупка ќе направеше во земја. Топ над сите топови.

Барем успеа ли да му ја земе?

После 24 Гренд слем титули на Ѓоковиќ, 22 на Надал и 20 на Федерер, мислевме дека сè сме виделе во тенисот. Ама не е така. После овој клип имаме гем, сет и меч.

Македонските олимпијци се чекираа во Париз

Олимписката делегација на Македонија пристигна на најмасовниот планетарен спортски собир во друштво на 10.714 спортисти од 206 земји. Нека им е со среќа.

Го најдовме идеалниот спорт за на лето

Одбојка во сала на затворено не е добра идеја. Одбојка на плажа е бетер, поради жешкиот песок. Одбојка на вода? ДА. Инаку идејата се реализираше во Љубљана, по втор пат, а турнирот беше меѓународен и траеше два дена.

Дејан Ловрен за Новак Ѓоковиќ

Дефанзивецот на Хрватска кој освои второ и трето место на последните два Мундијали им одржа куса лекција на оние кои во 21 век уште се бават со национализам.

Ивановски и Рељиќ знаменосци во Париз, Ева Петровска откажа

Наместо првично најавените седум, Македонија на Олимписките игри ќе ја претставуваат шест спортисти во шест спортови. Има најава и за медал.

Ма каков Вимблдон, поенот на годинава е овој и ниту еден друг

Кантен Алис, 192-ри тенисер во светот, на АТП турнир во Швајцарија изведе нешто што ретко или скоро никогаш не се гледа во тенис.

Па тенисери се бре, не се криминалци

На само неколку дена пред стартот на Летните Олимписки Игри во Париз, со сета постоечка технологија, изгледа нереално какви фотографии од тенисерите кои ќе се натпреваруваат во Париз направиле домаќините. Ко да се лопови, бандити и криминалци на меѓународна потерница, а не најдобри тенисери и тенисерски на свет.

Колку олимпијци во Париз ќе имаат Македонија и останатите земји од регионот?

Триста и шест олимпијци од регионов ќе има на Летните олимписки игри во Париз. Македонската делегација ќе брои 7 натпреварувачи од кои четири мажи и три дами. Србија е најбројна, Словенија втора, Хрватска трета.

Србија дава најголеми премии на свет за олимписко злато

Српскиот олимписки комитет под закрила на српската држава мошне богато ќе го награди секој олимпиец кој во Париз на Летните Олимписки Игри ќе се закити со златен медал.

Како Олимписките Игри се претворија во политичко бојно поле?

Од 26-ти јули во Париз почнуваат Летните Олимписки Игри. И овојпат политиката замеша прсти па многу атлети од Русија и Белорусија останаа напатени поради забраната за учество на Олимписки Игри со нивно знаме, химна и грб. Притоа кој сака да учествува од овие земји ќе мора да игра во неутрален статус, да слави медали без интонирање на химната на својата земја. Така и направиле и на Југославија во 1992-ра.

Ѓоковиќ е составен дел од многу животи во кои разбуди море од солзи, радости и емоции

Веројатно секој би можел да го каже своето лично доживување од сите тие натпревари. Оттука и толку многу љубов, ентузијазам и голема благодарност. Тие не го гледаа само Ѓоковиќ, туку и самите себе. Во своите подеми и падови, задоволства и маки.

Во сенка на Европското првенство, Словенецот Тадеј Погачар извозе рекордна рута

Еден од најдобрите светски велосипедисти, Словенецот Тадеј Погачар ја освои 15-та етапа на славниот Тур д’Франс, со дури 1,08 секунди предност во однос на најголемиот ривал Данецот Јонас Вингегор.

Алкараз го одбрани Вимблдон, очаен настап на Ѓоковиќ

Во реприза на минатогодишното финале, но со многу помала неизвесност и во пократок меч, Карлос Алкасаз го совлада Новак Ѓоковиќ и стигна до четвртата Гренд слем титула во кариерата.

Боксер крена дрес од Барса пред полн „Сантијаго Бернабеу“

Пред околу 85.000 гледачи кои го следеле атрактивниот турнир во бокс на познати личности, извесен „Ла Кобра“ кој победил на својот дуел протиб извесен Гуанјар. После мечот ја повтори легендарната сцена со Лео Меси кој после блескава партија и гол против Реал Мадрид го крена својот дрес пред преполн „Сантијаго Бернабеу“.

Новак со сјајно интервју и врвни фотографии на Вог

Светскиот ас за првпат се појави на насловната страна на светски познатиот и престижен магазин за мода и стил Вог со натпис „Најголемиот на сите времиња“. Новак Ѓоковиќ како права модна ѕвезда во неколку разни стилови покажал дека го бива и за позирање.

Џон Мекинро во одбрана на Ѓоковиќ: „Имавте две светски класи, тој дојде и им упадна на забавата“

Во вимблдонското студио на БиБиСи, домаќинката Клер Балдинг разговарала со стручниот коментатор и тениска легенда Џон Мекинро. Меѓудругото дискутирале и зошто дел од публиката е во конфликт со Новак Ѓоковиќ а и тој со нив.

Ѓоковиќ стана и напушти интервју со БиБиСи

Во рамки на медиумските обврски на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ денес зборувал во студиото на БиБиСи. Откако јасно и прецизно го образложил моментот по крајот од мечот со Холгер Руне кога на дел од публиката која не покажала нималку почит кон него иронично ѝ посака добра ноќ, сега се напна и со водителот.

Интересен поткаст со бугарската легенда Стефка Костадинова

Стефка Костадинова е славна бугарска атлетичарка која во 1996-та година освои златен медал во скок во вис на Олимписките Игри во Атланта (САД). Костадинова е двократен светски шампион и петкратен светски шампион во сала. 59-годишната Бугарка е во редот на најголемите тамошни легенди како Христо Стоичков, Георги Аспарухов, Красимир Балаков и др. Таа цели 37 години го држеше светскиот апсолутен рекорд во скок во вис со 2.09 сантиметри. Во неделата го урна младата Украинка Јарослава Махучих која скокна 2.10 и стана нова светска рекордерка.