Разно

Надчовечки пинг-понг поен

На турнирот Table Tennis Grand Prix во Дизелдорф, Австриецот Штефан Фегерл и Швеѓанецот Кристијан Карлсон го одиграа можеби најлудиот пинг-понг поен во последнава деценија. На крајот добија заслужен и долг аплауз, а поенот му припадна на Фегерл.

Етиопиецот се огласи од САД

Фејиса Лилеса, сребрениот маратонец од Олимписките игри во Рио кој ја мина целта со знакот Х со рацете за да укаже на прогоноството со кое се соочува неговиот народ Оромо, вели дека проблемите се далеку од решени иако целиот свет сега знае што се случува во Етиопија.

Жбитачето кое руши сè пред себе

Ако си од негова ќе поминеш добро, ако не си од негова нема да поминеш добро. Едноставно е. Ви го претставуваме 9 годишниот Тео од Австралија.

Ќе го изберат ли Словенецот за претседател на УЕФА?

Педесет и пет европски фудбалски федерации утре во Атина ќе бираат нов шеф на УЕФА. Ќе се гласа за двајца кандидати: Михаел ван Праг и Александар Чеферин, претседателите на холандската и словенечката фудбалска федерација .

Најгледаниот настап на Параолимпијадата во Рио

Со скоро 3,5 милиони прегледи, овој дриблинг целосно го собра вниманието на фудбалската јавност. Се работи за мечот помеѓу Иран и Мароко за слепи и фудбалери со оштетен вид, а мајсторот е Безад Зад Али Асгари кој покажа дека можело и вака без да гледа.

Кога очите не можат, срцето ги води до целта

Додека Рио беше во тек, се друго од спорт беше споредно. Сега на ред се Параолимпијците за кои малку се зборува, а тие заслужуваат многу, ама многу повеќе особено по оваа историска трка.

Кроткиот Вавринка од три Гренд Слема цица

Швајцарецот со чешко потекло, Станислас Вавринка е жив доказ како талентот не може ништо без страшно напорна работа. „Само ако вежбаш милион години, ќе успееш“, вели Стен кој почна да му го зема скалпот на Ѓоковиќ во финалињата.

На кој поен најмногу урлаше публиката во Њујорк

Вавринка го доби финалето на УС Опен против Новак Ѓоковиќ со 3:1 и стигна до првата титула на отвореното првенство во САД. Од богатиот избор на интересни поени за издвојување е овој.

Како Антиќ асистира на фудбал

За кошаркарите на Фенербахче топка е топка па се фрлија на еден фудбалски тренинг. Нафрлуваше Перо Антиќ, а за егзекуција највисок беше Чехот Јан Весели и на крајот голот беше прославен весело.

Човекот кој освои 151 титула со Фиорентина до 2163 година

За сите вие кои мислите дека ве бива за играње Менаџер и дека можете да го прегорите компјутерот, имате уште многу фурни леб за јадење. Навивач на Ливерпул оствари бројки за Гинис на оваа тема.

Кога Дел Бој продаваше гаќи со потпис од Бекам

Една од најдобрите британски хумористични серии на сите времиња, Сплетки (Only Fools and Horses), прослави 35. години од својата прва епизода. Меѓу бројните сезони, во 2014. година Sport Relief, организацијата која секоја година собира хуманитарни средства реши да сними една сцена во која на Дел Бој и Родни ќе им се придружи и Дејвид Бекам кој одлично се снајде во улогата.

Девојката која не ја пушти Серена во финале

По големиот триумф над Серена Вилијамс, Чехињата Каролина Плишкова стана нова дебитантка во едно Гренд Слем финале. Има сестра близначка со која играат во дубл, а омилено хоби им е риболовот во татковината.

Момент за паметење со големиот Делпо

Човекот кој после две сериозни повреди се врати на терените, одигра маестрални Олимписки Игри каде стана вицешампион, не можеше да ги сопре емоциите на УС Опен и се расплака на мечот против Станислас Вавринка

Тениски меч на денот

Ако организациите кои се борат против местенки немаат доволно работа нека го анализираат тенискиот меч меѓу Бенџамин Тулу од Франција и Фабијан Томас од Чешка. Зошто? Гостинов не освоил ниту еден поен.

Најбрзиот пат до полуфинале на УС Опен

Новак Ѓоковиќ синоќа обезбеди ново 10-то полуфинале по ред на отвореното првенство во Њујорк, а доколку се вратиме во историјата сигурно ќе откриеме дека времето за кое стигна на ова полуфинале е рекордно.

Местото на УС Опен кое не го посетуваат Ѓоковиќ и Федерер

Во рамките на тенискиот центар на отвореното првенство во Њујорк има една просторија во која стотици тенисери влегуваат со празни рекети и потоа излегуваат спремни за борба на познатиот Гренд слем.

Лежел во самица во Узбекистан, а вчера го победи Надал

Во последните неколку години, Лукас Пуј кој на 23 февруари наполни 22 години постојано се искачува на ранг листата, но забележителни резултати почна да покажува сезонава. Синоќа Рафа не успеа да го победи Французинот ни со крајни напори.

Македонскиот фудбалски бисер блесна во кампот на Барселона

Головите ги прославува како Кристијано Роналдо, а стручњаците од летниот камп на Барселона го споредуваат со Нејмар како мал. Ренато гази напред и летово се издвои во конкуренција на 110 деца од цела Европа.

Насловните во Италија на денешен ден пред 19 години

На 31 август 1997-ма во Брно, Чешка се возеше една од последните етапи на Светското првенство во Мотоциклизам во класата до 125 к/см. Го освои 18 годишниот Валентино Роси од Асприља кој до денес освои 9 Мундијали и е единствен пилот во историјата на овој спорт со освоена титула во четири различни класи.

Един Џекo во биртија

Одиме оф топик, тука нема спорт, но има еден многу јак рефрен со шпицот на Рома на кој прснавме од смеење во редакција. Имаше едно кафанско видео со Џеко, ама овој пат него нема да го видите. Има и рипит за да не се мачите да враќате.

Најлудиот одбојкарски сервер на сите времиња

Адриан Игнацио Карамбула е роден во 1988. година во Монтевидео. Со семејството се сели на Флорида како тинејџер, а решава да игра одбојка на плажа за Италија од каде потекнувал неговиот дедо. Карамбула настапуваше и на Олимписките Игри во Рио летово а светот го запозна преку неговиот крајно луд сервис.