Американката Дана Волмер го освои златниот медал на трката на 100 метри пеперутка и покрај тоа што и падна капата додека пливаше. Сепак таа не остана без капа затоа што носеше две.
Дека повеќето од пливачите носат две капи можете да приметите по завршувањето на трките кога тие ги отстрануваат истите, но зошто тие не носат една туку две?
Постојата две причини за ова. Првата причина е што втората капа им дава сигурност на пливачите дека нема да им испаднат наочарите за време на трката.
Втората причина е аеродинамичноста. Првата капа најчесто е изработена од латекс која подобро се прицврстува на главата, а втората капа е изработена од силикон и таа не се брчка со што се намалува триењето и се зголемува брзината.