Во драматична завршница Аџибадем Систина славеа над ЕВН

Во третиот ден од второто коло во Бизнис лигата на Македонија, славеа екипите на Џонсон Мети, А1 и Аџибадем Систина.

Во драматична завршница Аџибадем Систина славеа над ЕВН

ЕВН 3-4(1-2) Аџибадем Систина

ЕВН: Виктор Влаканчев 36’ Томи Илиевски 38’ Ајет Новобрдарија 13’

Аџибадем Систина: Кристијан Димковски 5’ Игор Ѓеорѓиевски 11’ 24’ 40’

Прво полувреме во кое екипата на Аџибадем Систина започна со офанзивен фудбал што и донесе предност во 5та минута од 0-1. По овој постигнат погодок екипата на Систина продолжи во ист ритам што и донесе ново водство во 11та минута од 0-2. Во вториот дел на полувремето екипата на ЕВН успеа да ги консолидира своите редови и да тргне жестоко кон противничкиот гол со цел да дојде до израмнување, тие успеаа во 13та минута да постигнат погодок и да дојдат само на гол негатива. До крајот на полувремето и двете екипи има уште по некоја шанса за погодок но не успеаа да реалзираат па на паузата се замина со резултат од 1-2. На стартот од вториот дел екипата на Аџибадем Систина успеа да постигне погодок и да го зголеми водството на 1-3, екипата на ЕВН не се откажуваше лесно од овој натпревар а со честа ротација на играчи и промена на тактиката успеаа да постигнат погодок во 36та минута за резултат од 2-3 и со тоа да ги направат последните минути од натпреварот вистинска драма. Во ваквата драматична завршница екипата на Аџибадем Систина успеа да да ја одржи предноста и да слави со резултат од 3-4.

А1 со одлично второ полувреме до победа над Сава Осигурување

Сава Осигурување 3-6(3-2) А1

Сава Осигурување: Коста Глигуровски 11’ 20’ Данило Апостоловски 12’

А1: Мартин Ангеловски 31’ Мартин Тодоровски 15’ 18’ Иле Никодиновски 28’ 34’ Ненад Богдановиќ 38’

Првиот дел од полувремето во дуелот помеѓу Сава Осигурување и А1 одмина во мирен ритам без многу шанси за погодок на двете страни. Како одминуваше времето екипата на Сава Осигурување го засили темпото на игра и започна со напаѓачки стил на игра што вроди со плод со два погодоци едно по друго во 11та и 12та минута за водство од 2-0. По оваа негатива екипата на А1 започна со агресивна игра и тргна по израмнување, ова вроди со плод во 15та и 18та минута со двата гола на Тодоровски за израмнување на 2-2. До крајот на полувремето екипата на Сава осигурување успеа да постигне погодок и повторно да го превземе водството на 3-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме видовме една сосема нова екипа на А1, уште на самиот старт започнаа агресивно да напаѓаат кон голот на Сава Осигурување. Во 28та минута од натпреварот екипата на А1 успеа да постигне погодок за израмнување што и даде дополнителен мотив уште пожестоко да тргне кон противничкиот гол. Последните минути од натпреварот екипата на А1 успеа сите свои шанси да ги претвори во погодоци и на крајот да извојува сигурна победа од 3-6.

Џонсон Мети сигурни во дуелот со ТАВ

Џонсон Мети 8-4(5-0) ТАВ

Џонсон Мети: Бојан Дејановски 8’ Благојче Божиновски 6’ Бране Стојановски 38’ Љупче Стојановски 28’ Христијан Стојановски 15’ 24’ Мартин Николовски 19’ Стефан Јовановски 16’

ТАВ:Елмаз Ибрахими 27’ Мартин Стојановски 23’ 26’ Филип 26’

Одличен старт за екипата на Џонсон Мети во дуелот со ТАВ, со погодци во 6та и 8та минута екипата на Џонсон Мети се стекна со солидно вдство од 2-0. По оваа негатива екипата на ТАВ беше приморана да започне со поагресивна игра и да врши притисок кон голот на Џонсон Мети. Екипата на Џонсон Мети со одлично поставена игра во одбраната имаше целосна контрола и не и сотави простор за игра на екипата на ТАВ па го доби полувремето со резултат од 5-0. Во второто полувреме се продолжи со високо темпо на игра во кое екипата на ТАВ со чести промени на играчкиот кадар се обидуваше да фати резултатски приклучок но екипата на Џонсон Мети рутинирано го успори темпото на игра ги затвори приодите кон својот гол и успеа да го добие овој натпревар со 8-4.

3 октомври 2019 - 10:20