Во драматичен натпревар Макпетрол го совлада Македонски Телеком

Екипите на Макпетрол и Уни Банка со победи го отворија 3. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Во драматичен натпревар Макпетрол го совлада Македонски Телеком

Македонски Телеком 2-3(0-1) Макпетрол
Македонски Телеком: Ивица Велјановски 38’ Гоце Филипов 39’
Макпетрол: Мишо Ѓоргиевски 14’ Мартин Дејаноски 32’ Иван Василев 37’
Третото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Македонски Телеком и Макпетрол.

Видовме одличен натпревар со многу шанси и на двете страни, двете екипи уште на самиот почеток започнаа со напаѓачки фудбал. Се редеа шанси на двете страни но во првото полувреме печат оставија голманите кои што имаа одлични интервенции. Преку еден контра напад екипата на Макпетрол успеа да постигне гол и да го добие полувремето со 0-1. Во второто полувреме екипата на Телеком ги консолидираше своите редови и жестоко нападна кон противничкиот гол, но тоа успеа да го искористи екипата на Макептреол и да поведе со високи 0-3. Екипата на Телеком во последните моменти од натпреварот влезе во свој препознатлив ритам и почна да ја топи предноста на Макепетрол за да на минута до крајот имаат пенал за израмнување на резултатот. Ивица Велјановски не успеа да го реализира пеналот по што следеше победа на Макпетрол од 2-3.

 

Џонсон Мети не успеа да дојде до бодовите во дуелот со Уни Банка

Џонсон Мети 3-4(1-3) Уни Банка
Џонсон Мети: Бојан Дејановски 3’ 29’ 34’
Уни Банка: Александар Змејковски 6’ Иванчо Антовски 7’ Васил Митровски 14’ Ѓорѓи Пецевски 33’

Екипите на Џонсон Мети и Уни Банка одиграа одлично прво полувреме и двете екипи уште од самиот старт имаа атак кон противничкиот гол. Екипата на Џонсон Мети прва дојде до водство уште во раната фаза од полувремето. Екипата на Уни Банка имаше одлична поставеност во играта играјќи со голман играч преку кој успеваа да направат вишок во нападот и да наметнат темпо кое Џонсон Мети не можеше да го прати со што Уни Банка успеа да отиде на полувремето со поволен резултат од 1-3. Во второто полувреме екипата на Џонсон Мети направи промена на тактиката и во своите редови внесе голман играч и успеа резултатски да се врати во натпреварот за тоа најзаслужен беше Дејановски кој постигна 3 гола, но сепак екипата на Уни Банка успеа да одолее на притисокот и да го добие овој натпревар со резултат од 3-4.

17 октомври 2017 - 08:46