Во дербито на колото Трансмет и Рамстор ги поделија бодовите
Трансмет 4-4(0-1) Рамстор
Трансмет: Живко Стојковски 28’ 37’ Бобан Велјановски 27’ Един Скендеровиќ 22’
Рамстор: Ведат Арслан 13’ 29’ 40’ Зоран Алексовски 31’
Дербито на колото го одиграа екипите на Трансмет и Рамстор. Во првото полувреме екипата на Рамстор играше позициониран напад со кој успеваше да создаде вишок играч со кој ја надмудри одбранат на Трансмет и успеа да постигне гол. Трансмет пак имаше изгледни ситуации но немаше реализација па на полувремето Рамстор отиде со предност од 0-1. Во второто полувреме Трасмет во своите редови го внесе Амер Скендеровиќ како голман играч што се покажа како вистински потег бидејќи успеа да ги разигра соиграчите и дојде до целосен пресврт од 4-3 на две минути од крајот на натпреварот. Но Рамстор го имаше во своите редови Ведат Арслан кој успеа да го израмни резултатот за конечни 4-4.
ЕВН рутинирано до победа над Оне.Вип
Оне.Вип 0-5(0-1) ЕВН
ЕВН: Бојан Маџовски 20’ Александар Димовски 27’ Томи Илиевски 28’ 36’ Бојан Симоновски 31’
Во првото полувреме екипите на Оне.Вип и ЕВН играа доста израмнет фудбал во кој и покрај шансите за гол преку добро изработените акции не успеваа да ја затресат мрежата на противникот, во самиот финиш од полувремето тоа му појде од рака на Бојан Маџовски кој во 20-та минута успеа да постигне гол за предност на ЕВН од 0-1 на полувремето. Во второто полувреме екипата на ЕВН влезе во ритам играјќи ја својата препознатлива игра преку која успеа да дојде до предонст од 0-5 која беше ностижна за екипата на Оне.Вип.
Македонски Телеком сигурен во дуелот со НЛБ Банка
Македонски Телеком 6-1(4-0) НЛБ Банка
Македонски Телеком: Михајло Лазаревски 2’ 35’ Ивица Вељановски 8’ 18’ Стефан Наскоски 9’ Данило Миладиновски 33’
НЛБ Банка: Жарко Димитриевски 37’
Екипата на Македонски Телеком мошне мотивирано влезе во дуелот со НЛБ Банка. Уште на самиот старт екипата на Мкедонски Телеком наметна висок ритам со кој успеваше да дојде до изгледни шанси за гол кои успеа да ги реалзира и на полувремето отиде со резултат од 4-0. Во второто полувреме НЛБ Банка со голман играч се обиде да се врати во натпреварот но екипата на Македонски Телеком не дозволи пресврт па го доби овој натпревар со 6-1.