Во дербито на колото Матрикс подобри од Рамстор

Макпетрол, Алкалоид и Матрикс славеа победи во последниот ден од 14. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Алкалоид во второто полувреме дојде до победа над Пекабеско

Пекабеско 2-5(2-2) Алкалоид

Пекабеско: Стефан Благојевски 2’ Ѓорѓи Бочваров6’

Алкалоид: Синај Љазим 7’ 28’ Даниел Ристевски 22’ 25’ Бобан Митевски 19’

Екипата на Пекабеско одлично го отвори натпреварот против екипата на Алкалоид со погодокот на Благојевски во 2та минута, по овој рано постигнат погодок екипата на Пекабеско тргна пожестоко кон голот на Алкалоид па во 6та минута успеа да го зголеми водството на 2-0. Втората фаза од полувремето екипата на Алкалоид ја превзема иницијативата и се префрли на противничко поле бркајќи израмнување, во тоа успеа во 19та минута. На стартот од второто полувреме екипата на Алкалоид успеа да постигне два погодоци и да направи целосен резултатски пресврт и да се смени улогата на теренот екипата на Пекабеско да биде таа која брка израмнување. До крајот на натпреварот екипата на Алкалоид само ја заголеми предноста и ја осигура победата со резултат од 2-5.

Макпетрол со пеколно второ полувреме до победа над Еуро Табак

Макпетрол 7-4(1-1) Еуро Табак

Макпетрол: Мишо Ѓоргиевски 7’ 22’ 29’ 35’ 39’ Александар Мишевски 24’ Марко Костенцовски 27’

Еуро Табак: Дејан Јанковски 20’ Мартин Ливрински 31’ Бојан Марковски 33’ 35’

Возбудливо прво полувреме со многу борба на секоја педа од теренот ни прикажаа екипите на Макпетрол и Еуро Табак. Екипата на Макпетрол беше таа која ја превзеде иницијативата и започна со силен притисок што им донесе предност во 7та минута со голот на Ѓоргиевски. По оваа негатива екипата на Еуро Табак се префрли на противничко поле и тргна по израмнување, тие успеаа да креираат неколку одлични шанси па во последната минута од полувремето со прекрасниот погодок на Јанкоски успеаа да дојдат до израмнување и резултат од 1-1 со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Макпетрол вршеше жесток притисок кон голот на екипата на Еуро Табак што резултираше со два погодоци за краток преиод и водство од 3-1. До крајот на натпреварот екипата на Еуро Табак се обидуваше да фати резултатски приклучок но екипата на Макпетрол одлично ја постави својата игра во одбраната и преку контра напади успеваше да ги казнува и на крајот да извојува победа од 7-4.

Во дербито на колото Матрикс подобри од Рамстор

Рамстор 3-4(2-1) Матрикс

Рамстор: Ведат Арслан 10’ 20’ 40’

Матрикс: Дарко Цветковски 23’ Драган Брњарчевски 8’ 34’ Петре Даиловски 29’

Воведните минути од натпреварот помеѓу Рамстор и Матрикс го оправдаа епитетот на натпреварот дерби на колото. Екипата на Матрикс во 7та минута со голот на Брњарчевски го отвори резултатот, по ова екипата на Рамстор се префрли на противничкото поле и изврши силен притисок кон голот на Матрикс што резултираше со погодок во 10та минута за израмнување на 1-1. До крајот на полуремето се водеше жестока борба за секоја педа од теренот, и кога се очекуваше дека на полувремето ќе се замине со реми, буквално во полседната секунда екипата на Рамстор успеа да постигне погодок за водство од 2-1. На стартот на второто полувреме екипата на Матрикс ја искористи шансата со играч повеќе на теренот за израмнување на 2-2, по што следеше крајно неизвесен натпревар во кој Матрикс преку контра напади успеа да стигне до водство од 2-4 кое Рамстор во самиот финиш го намали за конечни 3-4

1 март 2019 - 10:40