ЈСП со одлично поставен напад до убедлива победа над Спорт Лајф
ЈСП 8-2(5-2) Спорт Лајф
ЈСП: Гоце Крстевски 17’ 20’ Сашо Георгиевски 13’ Филип Колеќески 35’ Владимир Шмиковски 9’ Филип Димоски 11’ 34’ Мирчевски Васко 32’
Спорт Лајф: Валерија Ваљак 5’ Трендафил Атанасовски 16’
Во првиот натпревар од ова коло на Бизнис Лигата екипата на Спорт Лајф одлично го отвори натпреварот против ЈСП. Во 5тата минута од натпреварот единствената дама во Бизнис Лигата Валерија Валјак го отвори резултатот и на својата екипа Спорт Лајф и донесе предност од 0-1. По ова рано водство на екипата на Спорт Лајф екипата на ЈСП ги консолидира своите редови и во 9тата минута успеа да го израмни резултатот. До крајот на полувремето екипата на ЈСП успеа да дојде и до целосен резултатски пресврт и водство 5-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на ЈСП продолжи со одличната игра, екипата на Спорт Лајф се обидуваше да се врати во натпреварот но ЈСП одлично ја постави својата одбрана и преку контра напади го зголемуваше своето водство. До крајот на натпреварот екипата на ЈСП ја сочува предноста и не дозволи екипата на Спорт Лајф резултатски да се доближи што им донесе победа со резултат од 8-2.
ЕВН со целосен пресврт до победа над А1
А1 4-7(2-3) ЕВН
А1: Давид Миладинов 9’ 13’ 34’ Александар Тановски 36’
ЕВН: Томи Илиевски 35’ Бојан Симоновски 14’ 18’ Дарко Стоилевски 17’ Бојан Тодоровски 26’ 29’ Никола Анастасов 40’
Максимално мотивирано и борбено екипата на А1 го започна натпреварот со ЕВН. Сериозниот пристап уште на самиот почеток на А1 му овозможи водство од 1-0 преку Миладинов за да во 12та минута ЕВН остане со играч помалце па екипата на А1 преку истиот да дојде водство од 2-0. По ваквото водство следуваше тајм аут на кој ЕВН успеа реализира техничко тактичка замисла па преку СИмоновски да намали на 2-1. До крајот на полувремето екипата на ЕВН преку Стоилевски и СИмоновски успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и со предност од 2-3 да замине на паузата. Во второто полувреме и двете екипи продолжија да играат со висок интензитет, екипата на ЕВН во своите редови го внесе Мандаров како голман играч со што успеа да створи играч плус во нападот овој играч плус успеа да го искористи Тодоровски прво во 26та па 29та минута со што му донесе предност на ЕВН. Екипата на А1 се обиде да го анулира водството но времето беше сојузника на екипата на ЕВН кој рутинирано го приведе овој натпревар до крај со победа од 4-7.
Во дерби натпревар Аптив и ЕЛЕМ одиграа реми
Аптив 3-3(1-2) ЕЛЕМ
Аптив: Александар Марковски 3’ 27’ Иле Трајковски 38’
ЕЛЕМ: Влатко Петровски 16’ Бејковски Борче 15’ Никола Мицевски 35’
Натпреварот помеѓу екипите на Аптив и ЕЛЕМ го отвори екипата на Аптив во раната фаза по само 3 минути игра преку Марковски. Овој погодок како да беше сигнал за екипата на ЕЛЕМ да постави против игра и со пресинг по целиот терен . Ваквата игра вроди со плод во втората половина од полувремето кога ЕЛЕМ преку Бејковски успеа да го израмни резултатот а потоа и да поведе со 1-2 преку Петровски резултат со кој се отиде на полувремето. Во второто полувреме и двете екипи продолжија да играа израмнет натпревар во кој наизменично се менуваа во водството, ниту една од екипите не успеа да направи резултатски исчекор па на крајот се влезе во инфаркт завршница. Во ваквата завршница ниту една од екипите немаше доволно сили со гол да дојде до победа, по што натпреварот заврши со израмнет резултат од 3-3.