Валентино Роси паѓа од мотор три трки по ред, дали се гледа крајот на кариерата?

Во кариерата на „Докторот“ се случува сосема невидена појава со хаварии на трките. Минатата недела на трета трка по ред падна од мотор и како полека да крева бело знаме.

Првиот инцидент се случи на 2 јуни на Гран прито во Италија, пред домашните навивачи. После 18. место во квалификациите, Вале се бореше за подобар пласман, но не издржа повеќе од 8 круга:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A weekend to forget for @valeyellow46 😕 // #ItalianGP 🇮🇹 #VR46 #MotoGP #Motorcycle #Racing #Motorsport

A post shared by MotoGP (@motogp) on

„Се надевам дека ова ќе го паметам само како лоша етапа во кариерата“, рече Роси после разочарувачката трка во Италија.

Вториот пат падна од мотор на 16 јуни, но овојпат делумно не по своја кривица. Во една гужва на Гран прито на Каталонија не можеше да избегне хаос и падна со другите лидери:

 

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

The crash that defined the #CatalanGP race 💢 // #MotoGP #MotoGP70 #Motorcycle #Racing #Motorsport

A post shared by MotoGP (@motogp) on

А третото паѓање, кога веќе ги исплаши своите навивачи, се случи на 30 јуни во Асен за време на трката за Големата награда на Холандија, кога во дуел со Такаки Накагами шампионот одново имаше пад, овојпат многу пострашен од претходните два. За среќа и двајцата излегоа неповредени:

Ако не успеавте да провалите кој е виновен, овој кадар ќе ви одговори:

Откако стана, Роси веднаш отиде кај Јапонецот да види како е:

Но целата ситуација е крајно непријатна: легендарниот Италијанец веќе цел месец не може да финишира. Слична ситуација во големата кариера со 391 Гран при трка му се случила еднаш: на крајот од 2011 година за време на првата сезона во „Дукати“. Тоа беше најлошиот шампионат за Роси кој имаше само еден подиум и едно седмо место во генералниот пласман.

Во тековнава сезона има два подиума и едно пето место, но општата тенденција е непријатна.

ДО КОГА ЌЕ ВОЗИ?

Големиот Италијанец во февруари наполни 40 години, но и покрај тоа ја почна својата 20-та сезона. Досега освои седум титули, а на подиумот се качувал 196 пати.

Интересно, дури и кога не му оди, тој не е лош во целост: заврши втор на Гран прито за Аргентина и Америка. Последната победа му датира од Гран прито на Холандија во 2017 година. Од тогаш Валентино Роси има девет подиуми, но во борбата за титулата сериозно не учествува од 2016 година.

Дали крајот на величествената кариера се наѕира, ќе покаже времето. 

3 јули 2019 - 10:57