УНИКА и ЕВН во борба за титулата

Со победите на ЕВН и УНИКА против Халкбанк и МЕПСО познати се финалистите во Телеком Бизнис лигата на Македонија.

ЕВН со победа над ХАЛКБАНК во игра за шампионската титула

ЕВН 4-3 (3-1) ХАЛКБАНК
ЕВН: Петре Даиловски 3’  11’ 20’ 33’
ХАЛКБАНК: Марјан Атанасовски 6’ 35’ Мартин Дамески 27’

Во првиот дуел кој одлучува за влез во финалето силите ги одмерија екипите на ЕВН и ХАЛКБАНК. Натпреварот го отвори екипата на ЕВН уште во раната фаза постигнувајќи погодок од одлично изработен напад, но по заработениот црвен картон екипата на ЕВН остана со играч помалку по што ХАЛКБАНК успеа да израмни на 1-1. ХАЛБАНК имаше многу грешки во додавањата во прва линија што практично на ЕВН му оставија отворени шанси за гол кои успеа да ги реализира и на полувремето да замине со водство од 3-1. Во второто полувреме екипата на ХАЛКБАНК успеа да намали на 3-2, но ЕВН преку контра напад постигна гол со кој ја одржа гол разликата. Екипата на ХАЛКБАНК како би ја анулирала предноста внесе во своите редови голман играч со кој успеа да дојде до само гол негатива на само 2 минути до крајот на натпреварот, но ЕВН ја засили играта во одбраната и не му дозволи на ХАЛКБАНК да го израмни резултатот па славеше со 4-3. 

УНИКА со одлична игра во дуелот со МЕПСО до финалето.

МЕПСО 6-9 (2-4) УНИКА
МЕПСО: Виктор Петровски 7’ 23’ 39’ Кристијан Михајловски 25’ Кире Наумовски 17’
УНИКА: Арбен Нухиу 3’ 5’ 37’ Бењамин Траинца 12’ Љуљзим Каштањева 14’ 36’ 40’ Шабан Чупи 28’ 33’

Вториот дуел за влез во финалето го одиграа екипите на МЕПСО и УНИКА. Во првото полувреме екипта на УНИКА одигра маестрално пред се во делот на нападот каде што имаше перфектна реализација со која екипата на МЕПСО не можеше да се справи. Преку два контра напади МЕПСО успеа да намали на 2-4 на полувремето. Во второто полувреме МЕПСО успеа целосно да се врати во натпреварот и во 25-тата минута да израмни на 4-4, но екипата на УНИКА имаше своја вечер ги искористи и невозможните шанси и успеа да го добие овој натпревар со 6-9.

12 мај 2016 - 11:20