Тенисер на Вимблдон сака да исправи неправда со фрлен пешкир

Американецот Џек Сок во првото коло на Вимблдон го победи Чилеанецот Кристијан Гарин со 3:1 во сетови, но не замина задоволен затоа што на крајот од мечот се случи глупава ситуација.

Веднаш после мечот, Сок сакал да го подари својот пешкир на едно дете кое од публика го следело натпреварот, но еден постар човек кој седел веднаш до детето му го грабнал пешкирот од раце.

 

Но Сок сака да ја исправи неправдата, па така на својот Инстаграм профил ставил фотографија и напиша: „Ако некој го знае детето на кое постар човек од раце му го грабна пешкирот, нека ми го напише неговото име во коментар, лично да му подарам пешкир кој му следува“.

5 јули 2017 - 09:51