ТРАНСМЕТ ја искористи слабата реализација на Еуролинк
ТРАНСМЕТ 10-4(4-1) Еуролинк
ТРАНСМЕТ: Бобан Велјановски 1’ 12’ 33’ Един Скендеровиќ 12’ 26’ 36’ 38’ Кристијан Арминоски 13’ Амер Скендеровиќ 27’ 36’
Еуролинк: Ивица Стефковски 17’ Дарко Кадински 39’ Игор Ристевски 28’ 32’
На самиот старт екипата на ТРАНСМЕТ влезе мошне мотивирано со целосен акцент на играта во нападот, Еуролинк не можеше да го прати овој ритам пред се поради одлично расположениот чувар на голот кај ТРАНСМЕТ. На полувремето се отиде со резултат од 4-1. Во второто полувреме ТРАНСМЕТ продолжи со иста игра, а Еуролинк не успеа да реализира неколку сто процентни шанси за гол. Со ваквата слаба реализација екипата на Еуролинк не можеше да очекува поволен резултат, па го загуби овој натпревар со 10-4.
Во трилер натпревар Уника подобра од Лукоил
Лукоил 3-4(1-3) УНИКА
Лукоил: Маријан Цветковски 16’ Дејан Зиков 23’ Игор Дамјановски 36’
УНИКА: Арбен Нухиу 13’ 26’ Арбен Бајрами 17’ Шабан Чупи 18’
Екипите на Лукоил и УНИКА го започнаа овој натпревар во жесток ритам кој бараше голема физичка подготвеност, екипата на УНИКА започна со голман играч кој им овозможи добар проток на топка по што успеваа да дојдат до изгледни шанси за гол кои ги реализираа. Лукоил како да не можеше да се снајде со оваа поставеност на УНИКА па на полувремето беше 1-3 во корист на УНИКА. Во второто полувреме екипата на Лукоил постигна гол уште на самиот старт со што наговести неизвесно второ полувреме. Уника не дозволи пресврт и го контролираше резултатот. Во самиот финиш на натпреварот по груб старт УНИКА остана со играч помалку што Лукоил не успеа да го искористи па го загуби овој натпревар со 3-4.
Телекомуникациското дерби од 1 во 2
ОНЕ.ВИП 4-8(4-3) Македонски Телеком
ОНЕ.ВИП: Дарко Таневски 5’ Мартин Ангеловски 16’ Илија Трајкоски 19’ Сашо Србаков 20’
Македонски Телеком: Агрон Пацоли 2’ 23’ Михајло Лазаревски 14’ 22’ 29’ 36’ Влатко Причков 6’ 38’
Телекомуникациското дерби го отвори екипата на Македонски Телеком која успеа да се стекне со предност од два гола, но екипата на ОНЕ.ВИП за кратко време ги консолидира своите редови враќајќи се во вистински ритам за да на само минута од крајот од полувремето биде егал 3-3. Во самиот финиш по асистенцијата на Бобан Несторовски, Сашо Србаков успеа да му донесе водство на ОНЕ.ВИП од 4-3 на полувремето. На самиот старт на второто полувреме Македонски Телеком успеа максимално да го искористи голманот играч во своите редови и не само што израмни туку преку Агрон Пацоли успеа и да поведе со 4-5. Во понатамошниот дел од натпреварот Македонски Телеком ги превзема работите во свои раце заигра во свои стил за победа на овој натпревар од 4-8.