Во Формула 1 веќе една недела царува тишината и спокојот на летниот одмор, па сите пилоти и работници полнат батерии пред продолжение на сезоната на 26 август кога ќе се вози трката за ГН на Спа во Белгија.
Одморот го користи и четирикратниот светски шампион и лидер на Мерцедес, Луис Хамилтон кој освен што ужива на плажите на Миконос, предводи и чистка на голем отпад како дел од борбата за заштита на животната средина.
На неговиот официјален акаунт на Твитер се појави видео од чистењето на една дива плажа на која имало тони ѓубре.
I’m in just one of so many beautiful parts of the world today when we stumbled across this mess. We couldn’t stand by, we had to do something. We all need to act, we must stop supporting companies that are blindly fixated on their profits at the expense of our beautiful planet!🌎 pic.twitter.com/CBG0VD0jOs
— Lewis Hamilton (@LewisHamilton) August 7, 2018
„Дечки, погледнете што најдов во едно од најубавите места на земјата. Ќе исчистиме, но просто сакав да покажам како влијаат на природата работите кои ги купуваме и фрламе. На ова место се собира ѓубрето и одвратно е“, вели Хамилтон во видеото.
"This is nothing compared to what is around the world but we decided to clean up. Don't support and buy plastics, straws, toys, polystyrene"~~Lewis pic.twitter.com/knZwUdLz4J
— Lewis Updates (@LH44updates) August 7, 2018
Еден од најомилените британски спортисти не кажува на кое место се наоѓа, но во претходните постови тој објави неколку фотографии на кои се гледа како со најблиските другари ужива на Миконос во Грција.
Lewis with his closest friends in Mykonos for a stag-do, last week pic.twitter.com/5j6UnRjyZi
— Lewis Updates (@LH44updates) August 7, 2018