Систина мотивирано до победа над Адмирал

Факом, Фабрика Карпош и Систина со победија отворија во првиот ден од 9. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Јаневски со 6 гола го предводеше факом до победа над Окта
Факом 11-6(6-3) Окта
Факом: Боро Мисердовски 7’ 25’ Лазар Јаневски 11’ 12’ 14’ 26’ 32’38’ Мартин Митковски 12’ 30’ Игор Бојчовски 18’
Окта: Александар Јовчевски 11’ 17’ 34’ Шеќо Личина 13’ Живко Котевски 30’ Драганче Стојановски 40’
 
Деветото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Факом и Окта.
И двете екипи уште на самиот старт влего во брз и отворен фудбал со целосен акцент на играта во нападот што најавуваше игра со многу голови. Екипата на Факом во првото полувреме имаше подобра реалзација па успеа да стекне предност од 6-3. Во второто полувреме и двете екипи продолжија со ист ритам но екипата на Факом го имаше во своите редови расположениот Лазар Јаневски кој со дури 6 гола го предводеше Факом до победа од 11-6
 
Дуелот ЈСП-Фабрика Карпош од еден во два
ЈСП 6-7(4-1) Фабрика Карпош
ЈСП: Дејан Блажевски 5’ Даниел Антовски 5’ 26’ Сабит Хусеини 8’ 39’ Марјан Србиновски 18’
Фабрика Карпош: Александар Божиков 7’ 22’ 24’ 27’ 28’ Георги Божиков 23’ 27’
 
Екипата на ЈСП во првото полувреме демонстрираше тимска игра со која целосно ја разниша одбраната на Фабрика Карпош и успеа да наметне високо темпо преку кое створи предност од 4-1 на полувремето. Во второто полувреме кај Фабрика Карпош проработе двоецот Божикови и за само 6 минути успеа да израмнат на 4-4, по што следеше нешто поагресивна игра и на двете страни која Фабрика Карпош успеа да ја сврти во своја полза и да стигне до предност од 5-7. На самиот финиш на натпреварот екипата на ЈСП со финален притисок намали на 6-7, но времето беше сојузник на екипата на Фабрика Карпош која го доби овој дуел.
 
Систина мотивирано до победа над Адмирал
Aдмирал 0-7(0-3) Систина
Систина: Горан Манов 6’ 24’ Кристијан Димковски 10’ 12’ 38’Ивица Петровски 30’ Ѓорѓи Иванов 35’
 
Во третиот натпревар екипата на Систина ги одмери силите со екипата на Адмирал.
Во првото полувреме Систина прикажа одличн игра пред се благодарение на одличната одбрана која им овозможи брзи контра напади преку кои доаѓаа до реализација. Со ваквта игра екипата на Систина успеа да дојде до предност од 0-3 која Адмирал се обидуваше да ја анулира но не беше успешен во тоа до полувремето кое заврши со истиот резултат. Во второто полувреме екипата на Адмирал тргна доста офанзивно кон противничкиот гол но едноставно Систина имаше своја вечер во која се и појде од рака и со одлична игра успеаа да дојдет до висока победа од 0-7.
29 ноември 2016 - 16:45