Шарапова заработува најмногу

Руската тенисерка Марија Шарапова осма година по ред се наоѓа на врвот на листата на професионални спортистки со најголема годишна заработка.

Во 2008-та година Шарапова заработи незгодна повреда заради кој мораше да паузира десет месеци по што таа падна дури на 126-та позиција на ВТА листата на тенисерки, но никогаш не падна од врвот на листата според заработка.

Дури и да не се натпреварува цела година таа повторно ќе заработи најмногу. Нејзината заработка во последните 12 месеци изнесува 27,1 милиони долари, а само 5,1 милиони ги заработила од тениските турнири. Другите 22 милиони ги добила од своите спонзори.

Во моментов таа се натпреварува на својата прва Олимпијада во кариерата, а ја имаше таа чест да биде првата жена која го носеше знамето на Русија на церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Лондон.

На листата доминираат тенисерки па така по Шарапова се наоѓаат Ли На од Кина, Серена Вилијамс од САД и Каролина Возњацки од Данска. Петта е најдобрата индикар-возачка, Даница Патрик.

Спортистки со најголема годишна заработка:
1. Марија Шарапова - 27,1 милиони долари
2. Ли На - 18,4
3. Серена Вилијамса - 16,3
4. Каролина Возњацки - 13,7
5. Даница Патрик - 13
6. Викторија Азаренка - 9,7
7. Ким Јуна - 9
8. Ана Ивановиќ - 7,2
9. Агнешка Радванска - 6,9
10. Јани Ценг - 6,1

31 јули 2012 - 12:31