Окта немаше доволно сили за пресврт во дуелот со Фабрика Карпош - ГИМ
Окта 3-4(0-4) Фабрика Карпош - ГИМ
Окта:Живко Котевски 29' Александар Јовчевски 33' Един Скендеровиќ 36'
Фабрика Карпош - ГИМ: Кристијан Панев 4' Александар Божиков 3' Георги Божиков 15' Слвачо Мирчевски 18'
Во првиот натпревар од шестото коло силите ги одмерија екипите на Окта и Фабрика Карпош
Првата фаза од полувремето и припадна на Фабрика Карпош која уште на самиот старт вршеше силен притисок кон голот на Окта што резултираше со водство од 0-2 во 4та минута. По оваа негатива екипата на Окта се префрли на противничко поле вршејќи притисок да фати резултатски притисок, но во таквата отворена игра остави многу простор во одбраната тоа го казни екипата на Фабрика карпош во 15та минута со уште еден погодок и водство од 0-3. До крајот на полувремето екипата на Фабрика Карпош успеа да го зголеми водството на 0-4. Во второто полувреме екипата на Окта тргна во целосна офанзива со промена на тактиката во фаза на напад играјќи со голман играч што и делумно вроди со плод и во 36та минута успеаа да се доближат на гол негатива и да ги направат последните минути од натпреварот неизвесни. Сепак екипата на Фабрика Карпош успеа да се одбрани од силниот притисок од екипата на Окта и да го добие натпреварот со резултат од 3-4.
Сава Осигурување убедлива во дуелот со Пекабеско
Сава Осигурување 8-1(3-1) Пекабеско
Сава Осигурување: Андерј Китановски 19' 36' Трајче Илиевски 37' Стефан Димитровски 34' Коста Глигуровски 16' 19' Данило Апостоловски 27' 38'
Пекабексо: Мартин Здравевски 9'
Интересно прво полувреме одиграа екипите на Сава Осигурување и Пекабеско, уште на самиот се редеа шанси и на двете страни. Екипата на Сава Осигурување беше таа која ја превзема почетната иницијатива и имаше повеќе шанси, но имаа слаба реализација. Екипата на Пекабеско во 9та минута успеа да реализира одличен контра напад за водство од 0-1. По ова следуваше мирен период на игра, но во 16та минута Глигуровски со одличен погодок успеа да и донесе израмнување на екипата на Сава Осигурување. До крајот на полувремето екипата на Сава Осигурување успеа да направи целосен пресврт па на паузата се замина со резултат 3-1. Во второто полувреме екипата на Пекабеско направи неколку промени во тимот и се обидуваше да фати резултатски приклучок но не успеа да најде против игра за денес расположената екипа на Сава Осигурување која имаше целосна контрола врз играта и која го доби овој натпревар со убедливи 8-1.
Шампионот Лукоил на колена пред Еуро Табак
Еуро Табак 4-2(2-1) Лукоил
Еуро Табак:Никола Зафировски 11' 23' Дејан Јанковски 5' 29'
Лукоил: Маријан Цветковски 10' Љупчо Апостоловски 23'
Екипата на Еуро Табак одлично го отвори дуелот против екипата на Лукоил, со одличен погодок преку Јанковски во 5та минута. По ова екипата на Лукоил ја превзеде иницијативата и створи неколку одлични шанси за погодок, во 10та минута со одличниот погодок на својот голман Цветковски успеа да го израмни резултатот. Екипата на Еуро Табак веќе во следниот напад успеа да реализира еден контра напад за водство од 2-1. До крајот на полувремето екипата на Лукоил имаше повеќе од играта и вршеше силен притисок кон голот на Еуро Табак, но екипата на Еуро Табак одлично ја имаше поставено својата игра во одбраната и успеа да ја сочува својата мрежа мирна и да замине на полувремето со предност од 2-1. На стартот на второто полувреме екипата на Лукоил успеа да постигне погодок за израмнување, но екипата на Еуро Табак имаше брз одговор и веќе во истата минута успеа повторно да ја врати резултатската предност. Екипата на Лукоил со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување, но вредно е да се напомене дека екипата на Еуро Табак на својот гол го имаше расположениот Поповски кој имаше одлични интервенции и и донесе победа на својата екипа со резултат од 4-2.