Сава Осигурување го сочува водството и стигна до победата над Рамстор

Екипите на Вип, Еуро Табак и Сава Осигурување со победи го стартуваа 5. коло од Бизнис лигата на Македонија.

Вип во фуриозна завршница до триумф над Пекабеско

Пекбасеко 2-6(1-2) Вип

Пекабеско: Александар Спасовски 10’ Ѓоре Бочваров 33’

Вип: Никола Спасевски 7’ Мартин Тодоровски 19’ Иле Никодиновски 31’ Мартин Ангеловски 38’ 39’ Младен Ѓорѓиоски 40’

Динамично прво полувреме одиграа екипите на Пекабеско и Вип, екипата на Вип беше таа која што ја превзема иницијативата и започна со жесток притисок уште на самиот старт што резултираше со водство во 7та минута од 0-1. Екипата на Пекабеско по само неколку минути игра успеа да постигне погодок за израмнување односно во 10та минута. По ова израмнување опадна темпото на игра, двете екипи беа претпазливи и повеќе внимаваа на својот гол, играчите на двата тима со удари од далечина се обидуваа да го превземат водството. До крајот на полувремето поточно во 19та минута екипата на Вип успеа да постигне погодок за резултат од 1-2 со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме се продолжи со отворен фудбал од страна на двете екипи, со многу шанси за погодок и на двете страни. Екипата на Вип во средината на полувремето успеа да постигне погодок и да се одлепи со 1-3. Сепак екипата на Пекабеско не се предаваше лесно, успеа да постигне гол со кој резултатски се врати во игра и го направи неизвесен финишот на натпреварот. Но екипата на Вип не дозволи изненадување па во последните некоку минути игра со неколку погодоци резултатски се одлепи и издвојува победа од 2-6.

Во неизвесна завршница екипата на Еуро Табак подобра во дуелот со Фабрика Карпош – ГИМ

Фабрика Карпош – ГИМ 3-6(3-2) Еуро Табак

Фабрика Карпош – ГИМ: Слацчо Мирески 8’ 11’ 16’

Еуро Табак: Григориј Јовановски 3’ 4’ 26’ Дејан Јанковски 32’ 35’ 36’

Одлчен старт на екипата на Еуро Табак во дуелот со Фабрика Карпош – ГИМ, екипата на Еуро Табак успеа да постигне два брзи погодока во 3та и 4та минута и да навести ефикасно полувреме. Екипата на Фабрика Карпош преку расположениот за игра Панев успеа да возврати со 3 погодоци во 8та, 11та и 16та минута и да направи целосен резултатски пресврт. На полувремето се замина со резултат од 3-2. На стартот на второто полувреме екипата на Еуро Табак имаше можност преку пенал да дојде до израмнување но голманот на Фабрика Карпош со одлична интервенција успеа да го сочува својот гол. Екипата на Фабрика Карпош имаше неколку одлични шанси за погодок но не успеа да реализира па следуваше казна и израмнување на резултатот во 26та минута. По ова израмнување натпреварот влезе во неизвесна завршница. Ви таквата неизвесна завршница поуспешна беше екипата на Еуро Табак која успеа да искористи неколку кикса во обраната на Фабрика Карпош на крај да го добие овој дуел со 3-6.

Сава Осигурување го сочува водството и стигна до победата над Рамстор

Рамстор 4-6(1-3) Сава Осигурување

Рамстор: Фуркан Муртезан 18’ Ибрахим Бекир 29’ Михрем Мемед 34’ Азрет Абаз 40’

Сава Осигурување: Данило Апостоловски 7’ Јовица Насковски 11’ 28’ 28’ 40’ Ивица Минов 25%

Првата фаза од полувремето во дуелот помеѓу Рамстор и Сава Осигурување и припадна на екипата на Сава која уште на стартот се префрли во противничкото поле вршејќи силен притисок, што резултираше со водство од 0-2 во 11та минута. По оваа негатива екипата на Рамстор направи неколку измени и со сите сили тргна кон голот на Сава Осигурување со цел да дојде до намалување на водството, во што и успеа во 18та минута со голот на Муртезани. До крајот на полувремето екипата на Сава осигурување успеа да постигне уште еден погодок за резултат од 1-3 со кој се замина на полувремето. На самиот старт на второто полувреме екипата на Рамстор стави се на една карта тргнуваќи по израмнување, во таквата отворена игра како да подзаборави на својата обрана што екипата на Сава осигурување и те како знаеше да го казни и да се стекне со предност од високи 1-5 до 28та минута. Сепак екипата на Рамстор не се откажуваше лесно од натпреварот и со одлична реализација на Бекир и Мемед успеа да намали на 3-5 и да фати резултатски приклучок. До крајот на натпреварот екипата на Сава успеа да го сочува водството и да извојува победа со резултат од 4-6.

24 октомври 2018 - 08:54