Рамстор со пресврт до победа над Окта

Еуро Табак, Рамстор и Матрикс со победи го заокружија 16. коло од Бизнис лигата на Македонија.

Пеколно второ полувреме на Матрикс за висока победа над Вип

Вип 1-7(1-2) Матрикс

Вип: Ненад Богдановиќ 6’

Матрикс: Никола Христовски 4’ 14’ Петре Даиловски 21’ 32’ мирко Богески 31’ 37’ Драган Брњарчевски 37’

Возбудливо прво полувреме одиграа екипите на Вип и Матрикс, екипата на Матрикс со одличнот погодок на Христовски во 4та минута го отвори резултатот. Следуваше брз одговор на екипата на Вип со погодокот на Богдановиќ во 6та минута за израмнување на резултатот на 1-1. По овие воведни минути екипата на Матрикс ја превзеде иницијативата имаше повеќе од играта што им донесе водство од 1-2 во 15та минута со вториот погодок на Христовски. До крајот на полувремето екипата на Вип успеа да креира неколку шанси за израмнување но не успеа да реализира па на полувреме се замина со резултатот од 16та минута 1-2. Во второто полувреме екипата на Матрикс успеа да постигне погодок и да го зголеми водството, по ова екипата на Вип беше приморана да фрли се на една карта и да тргне во целосна офанзива со цел да го намали водството и да фати резултатски приклучок. Екипата на Матрикс со одлично поставена игра успеа да ги искористи сите пропусти на одбраната на Вип и да го добие овој натпревар со високи 1-7.

Рамстор со пресврт до победа над Окта

Рамстор 5-3(2-3) Окта

Рамстор: Ибрахим Бекир 28’ 11’ Фуркан Муртезан 12’ Енис Мурселов 23’ Хурјед Шаќири 38’

Окта: Живко Котевски 2’ 3’ Драганче Стојановски 3’

Екипата на Окта со одличен старт во дуелот со Рамстор, уште на самиот почеток на полувремето екипата на Окта покажа одлична игра и брза реализација за високо водство од 0-3 во 3та минута. По ова водство на Окта екипата на Рамстор го подигна темпото на игра и се префрли на противничка половина со цел да дојде до намалување на резултатот. До крајот на полувремето екипата на Рамстор успеа да ја стопи предноста на Окта и да дојде на само гол негатива но не и да направи целосен пресврт па на паузата се замина со резултат од 2-3. На стартот на второто полувреме екипата на Рамстор успеа да дојде до израмнување на резултатот на 3-3 што им даде дополнителен мотив и желба за победа. Екипата на Окта се обидуваше да ја врати предноста но таквата отворена игра ја направи нивната одбрана ранлива што рамстор го искористи за целосен пресврт од 4-3. До крајот на натпреварот екипата на Рамстор успеа да реализира уште еднаш и да ја осигура победата во дуелот со Окта на резултат од 5-3.

Еуро Табак со одлично второ полувреме до победа над Пекабеско

Пекабеско 3-7(1-1) Еуро Табак

Пекабеско: Стефан Благоевски 5’ Александар Арсиќ 25’ Бобан Вујиќ 37’

Еуро Табак: Дејан Јанковски 4’ 26’ 38’ 40’ Мартин Ливрински 24’ 31’ Борче Стојанов 33’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Пекабеско и Еуро Табак, прва до водство дојде екипата на Еуро Табак преку Јанковски во 4та минута за да по само една минута Пекабеско преку Благоевски успеа да го израмни резултатот на 1-1. По што се влезе во егал полувреме во кое и двете екипи играа крајно израмнето и шансите кои ги имаа не успеаа да ги претворат во гол па на полувремето се замина со 1-1. Во второто полувреме екипата на Еуро Табак успеа да ги косолидира своите редови и пронајде вистинска против игра во која тимот на Пекабеско не успеа да се снајде што и дозволи на екипата на Еуро Табак резултатски да се одвои. Екипата на Пекабеско се обиде со голман играч да се врати во натпреварот, но тоа ја остави ранлива во одбраната што Еуро Табак го искористи за победа во овој дуел со резултат од 3-7.

15 март 2019 - 09:52