Осврт на единаесетото коло на Бизнис Лигата

На почетокот од пролетниот дел на Телеком Бизнис Лигата на Македонија се одиграа 8 натпревари. На самиот старт се случуваа многу изненадувања по кои можеме да очекуваме голема борба за влезот во четвртфиналето. Во ваквите натпревари кои изобилуваат со многу пресврти и пред се активен фудбал се истакнаа следниве поединци:

Најдобри стрелци на колото:

1. Горан Манов (Систина) – 4 гола
2. Стефан Димовски (Алкалоид) – 3 гола
3. Арбен Нухиу (Уника) – 3 гола
4. Стеан Митревски (Гранит) – 3 гола
5. Стојанчо Јосифовски (Шпаркасе) – 3 гола

Голман на колото: Бобан Трајковски (Алкалоид)
Тренер на колото: Никола Алексов (Алкалоид)
Екипа на колото: Алкалоид

Allround играчи кои погодуваа во клучни моменти, асистираа до своите соиграчи кога беше најпотребно и допринесоа за подигање на моралот во екипата во ова коло беа:

1. Бобан Китановски (ФАКОМ)
2. Пепи Мицев (Гранит)
3. Влатко Манев (Македонски Телеком)
4. Ивица Стефковски (Еуролинк)

29 февруари 2016 - 11:40