Логан Кембел во 2009-та година отвори бордел со цел да собере 300.000 долари кои му беа потребни за подготовки и настап на меѓунардони натпреварувања на патот до Олимписките игри. Целта му се оствари.
Кембел ќе го претставува Нов Зеланд на натпреварите во таеквондо во категоријата до 60 килограми. Ова ќе му биде негов втор настап на Олимписките игри откако пред четири години во Пекинг стигна до осмина-финалето.
Проституцијата во Нов Зеланд е легална, па од правна страна тој немаше никаков проблеми, но заради „нарушување на моралот" тој беше критикуван од националната таеквондо федерација. Токму затоа тој минатата година беше приморан да го продаде борделот, но тој стана толку познат во медиумите со што предизвика интерес и кај спонзорите.
Оваа вест и не е толку сензационална за спортистите од Нов Зеланд. Пливачот Тони Џефс во 1999-та година на првенството во Барселона бил спонзориран од стриптиз клуб, а велосипедистката Никол Таскер за да собере пари за Олимписките игри во Сиднеј, била приморана да работи како стриптизета.