Американската пливачка федерација одлучи да го суспендира Мајкл Фелпс, откако минатата недела полицијата го уапси бидејќи возел пијан и тоа со брзина од 135 км на час, каде ограничувањето било 70 км.
Славниот пливач се извинил за постапката и наредниот период наместо на подготовки за Светското првенство кое се одржува наредната година, ќе оди на рехабилитација за лечење од алкохол.
Фелпс кој со 18 златни медали важи за најтрофеен спортист во историјата на Олимпијадите со ист ваков проблем се соочи и пред 10 години.
Тој се повлече по Летните Олимписки игри во Лондон 2012, но реши да направи кам бек поради предизвикот во Рио каде ќе се одржи следната Олимпијада во 2016 година.