Најлудиот потег на Тајсон за кој плати казна од 3 милиони долари

Тешко е да се состави листа на контроверзни моменти од кариерата и животот на Мајк Тајсон бидејќи ги има многу, ама лесно е да се сети човек на најидиотската и најгрдата глупоштина која ја има направено во ринг. Се случи на денешен ден пред точно 20 години и веќе знаете за што станува збор.

„Железниот Мајк“ губеше во првите две рунди од Холифилд и потоа го гризна и му откина дел од увото. Мечот продолжи, а на Тајсон му беа одземени два бода. Што се случи потоа? Па му го гризна и другото уво, но не успеа да му откине дел. Судијата го дисквалификуваше, а потоа Тајсон заработи суспензија од една година и казна од 3 милиони долари.

Еднаш мртви ладни си правеа муабет за тој меч.

 

 

28 јуни 2017 - 17:05