Montenegro не дозволи изненадување од Arcelor Mittal
Arcelor Mittal 5-9 (2-3) Montenegro
Arcelor Mittal: Љупчо Шегмановиќ 11', 11', 33', 40', Горан Трајков 24'
Montenegro: Горан Новакоски 13', Сашо Павлоски 13', Даниел Настевски 19', 40', 40', Ивица Јанковски 21', Јорданчо Јакимоски 23', Златко Исакоски 27', Славче Симуноски 29'
Екипата на Arcelor Mittal влезе одлично во натпреварот и со два гола го изненади Montenegro кој можеби не очекуваше ваков старт. Но набрзо овогодинешното изненадување на првенството Montenegro се врати целосно во натпреварот, на полувремето имаше гол разлика за да во второто полувреме целосно ја презеде иницијативата, ги консолидира своите редови и не дозволи изненадување на овој натпревар кој го доби со 5-9.
Eurolink со пресврт до победа над Глобко Логистик
Глобко Логистик 2-3 (1-1) Eurolink
Глобко Логистик: Иван Стојановски 4', 23'
Eurolink: Јовче Зузаровски 5', Никола Костовски 36', 40'
Крајно неизвесно прво полувреме кое само ја вжешти борбата за бодовите во овој натпревар. Се играше отворен фудбал и на двете страни, но во текот на целото прво полувреме ниедна од екипите не успеа да оствари резултатска предност. Полувремето заврши со 1-1. На самиот старт од второто полувреме екипата на Глобко Логистик оствари минимална предност од 1 гол која со цврста одбрана успеа да ја сочува се до 36' кога Eurolink го сврте натпреварот во своја полза и со последователни два гола го доби овој натпревар со 2-3.