Монтенегро енергично до победа над Македонски Телеком

Деветтото коло во Бизнис лигата со убедлив триумф го отвори екипата на Систина која славеше над Контрола на летање со 10 голови разлика, а Глобко Логистик издвои тесна победа над Алкалоид.

Систина ја продолжи победничката серија и против Контрола на летање

Систина 14-4 (8-3) Контрола  на летање
Систина: Ивица Петровски 3’, Игор Ѓорѓиевски 5’, 36’, Даниел Боневски 7’, 8’, 9’, 29’, Александар Јаневски 13’, 19’, 39’, Влатко Кузманов 15’, Горан Манов 28’, 38’, Амел Аломеровиќ 34’
Контрола на летање: Ненад Константиновиќ 5’, 11’, 40’, Фарук Мифтари 10’

Екипата на Систина против Контрола на летање ја продолжи победничката серија која што ја имаа во неколку утакмици наназад. Ја играа својата препознатлива игра со многу проигрувања, несебично и колективно. Секогаш кога настапуваат во оваков ритам не изостанува резултатот. Кај Контрола на летање имаше добри моменти во играта, но тоа не беше доволно да се победи вечерва расположената Систина, која го доби овој натпревар со 14-4.

Во тензична атмосфера Глобко Логистик до победа над Алкалоид

Глобко Логистик 7-6 (2-3) Алкалоид
Глобко Логистик: Александар Божинов 6’, 21’, Иван Стојановски 17’, 32’, 38’, Горан Божиновски 28’, 35’
Алкалоид: Оливер Христовски 4’, 13’, 18’, 22’, 23’, Този Нико 36’

Одлична игра прикажаа и двете екипи во првото полувреме, демонстрирајќи исклучително квалитетен фудбал кој се играше на доста високо ниво. И кај двете екипи можевме да забележиме одлична физичка подготвеност преку која демонстрираа одбрана по целиот терен, што им овозможи од брзи контранапади да дојдат до реализација. Екипата на Алкалоид беше поснаодлива во ваквата, па замина на полувремето со еден гол предност (2-3). Во второто полувреме се продолжи во ист ритам, но екипата на Глобко Логистик во завршната фаза го искористи играчот плус во нападот, т.е. играчот минус кај Алкалоид и го доби овој натпревар со 7-6.

Монтенегро енергично до победа над Македонски Телеком

Македонски Телеком 4-8 (1-4) Монтенегро
Македонски Телеком: Ивица Вељановски 4’, 38’, Душко Симоноски 28’, Михајло Лазаревски 37’
Монтенегро: Даниел Настевски 11’, 17’, 38’, 39’, Ивица Јанковски 12’, Горан Новакоски 20’, 21’, 25’

Екипата на Македонски Телеком перфектно го отвори овој натпревар преку Ивица Вељановски кој постигна маестрален гол речиси од половината на теренот. Во понатамошниот дел од полувремето се беше во знакот на Монтенегро кој заигра во свој ритам, дојде до целосен пресврт и на полувремето замина со убедливи 1-4. Во второто полувреме екипата на Монтенегро не дозволи никакво изненадување, продолжи во одличен ритам обезбедувајќи сигурна завршница и победа на овој натпревар од 4-8.

2 декември 2014 - 10:42