Флојд Мејведер лани ја заврши успешната боксерска кариера, но и натаму е виден лик чијшто глас се слуша во светот на спортот. Пред извесно тој ги критикуваше расистичките ставови во друштвото, а меѓудругото го спомена и ирскиот шампион во УФЦ, Конор МекГрегор.
„Расизмот, безусловно, како во боксот присутен е и во ММА. Бернард Хопкинс на пример често го критикуваа дека наводно се борел со противници кои биле физички инфериорни во однос на него - Де Ла Хоја, Мозли, Тринидад. Уште еден пример е Ронда Роузи. Победи 10 борби и веднаш доби богати рекламни договори, снимаа филм за неа, доби најмногу простор на телевизија. Леила Али иако беше успешна како боксер и привлечна како жена никогаш не добри ниту половина од славата на Ронда“, изјави Мејведер.
Се беше во ред до моментот додека Флојд не го спомена и ирскиот УФЦ борец, после што се разбрани јавноста.
„Неодамна слушнав за него, Не го познавав. Се испостави дека дечкото ги омаловажува противниците и провокативно се однесува во јавноста и затоа го сакаат. Јас постојано бев критикуван и напаѓан кога се однесував така. Каде е тука правдата? Ја нема, во општеството владее расизам. Тоа паѓа во очи“, констатираше светскиот првак во пет различни категории.
На одговор од Ирецот не чекавме долго.
„Мојата популарност се должи на расизмот? Мејведер очигледно не ги знае Ирците и низ какви понижувања поминале за својата независност и уште минуваат. Не знае дека некогаш за името МекГрегор се губело глава“, возврати борецот и додаде дека сака борба со Мејведер, но 80% од приходите да му одат нему, а 20% на Американецот.