Макпетрол преку пенал завршница до третото место во Бизнис Лигата
Уника 4-4(4-3) Макпетрол (по пеналите 6-7)
Уника: Бесими Нухиу 5’ Шабан Чупи 12’ Арбен Нухиу 17’ Бенјамин Граинца 20’
Макпетрол: Александар Мишоски 9’ Христијан Мицевски 13’
Натпреварот за третото место го одиграа екипите на Уника и Макпетрол, двете екипи започнаа со офанзивна игра што резултираше со рано водство на екипата на Уника уште во 5та минута. Екипата на Макпетрол за кратко време успеа да постигне погодок за израмнување на реултатот во 9та минута. До крајот на полувремето се продолжи со отворена игра со многу шанси на двете страни екипите наизменично се менуваа во водството. Во последните секунди од полувремето екипата на Уника успеа да постигне погодок за водство на полувремето од 4-3. Во второто полувреме на самиот старт екипата на Макпетрол успеа да постигне одличен погодок преку својот голман играч Ѓоргиевски за израмнување на резултатот. По ова израмнување падна темпото на игра и двете екипи започнаа со подефанзивна игра, како одминуваше времето во последните минути од натпреварот настана вистинска бркотница по теренот кога и двете екипи се обидуваа да дојдат до целиот плен. Натпреварот заврши со изедначен резултат од 4-4, а поуспешна по пеналите беше екипата на Макпетрол.
Лукоил со победа над Рамстор до третата шампионска титула во Бизнис Лигата
Рамстор 0-6(0-2) Лукоил
Лукоил: Мартин Алаѓозовски 13’ 17’ 31’ Марјан Цветковски 31’ Лоренцо Николовски 31’ Љупчо Апостоловски 37’
Финалето на Бизнис Лигата на Македонија го одиграа екипите на Рамстор и Лукоил, натпреварот имаше одлично отварање уште во првата минута видовме одлични шанси за погодок и на двете страни што најави одлично прво полувреме. Екипата на Лукоил беше таа што го скрши мразот и го отвори резултатски овој натпревар во 13та минута преку одличен погодок на Алаѓозовски. По оваа негатива екипата на Рамстор тргна со поофанзивна игра со цел да дојде до израмнување на резултатот, но екипата на Лукоил знаеше да го казни тоа и во 17та минута да зголеми на 0-2. До крајот на полувремето екипата на Рамстор створи неколку шанси за намалување на водството, но екипата на Лукоил одлично ја постави играта во одбрана и не дозволи намалување на водството. На полувремето се замина со резултат од 0-2. Во второто поувреме екипата на Рамстор тргна жестоко кон противничкиот гол обидувајќи се да ја намали предноста тие создадоа повеќе шанси за израмнување но имаа слаба реализација и во неколку ситувации среќата им го сврте грбот. До крајот на натпреварот екипата на Лукоил успеваше да ја казни крајно офанзивната игра на Рамстор и да го добие овој натпревар со убедливи 0-6.
Во финал 4 завршната фаза третото место и припадна на елкипата на Макпетрол, втора беше екипата на Рамстор, додека пак со шампионската титула оваа година се закити екипата на Лукоил. Ова е нивна трета титула во Бизнис Лигата на Македонија.
Во регуларниот дел од натпреарувачката сезона трета беше екипата на Уника, втора беше екипата на Матрикс додека пак шампионскиот пехар го освои екипата на Макпетрол.
- За тренер во регуларниот дел беше прогласен тренерот на ЈСП Јовица Илиевски
- Најдобар стрелец во регуларниот дел беше Мишо Ѓоргиевски од Макпетрол
- Епитетот наMVPго понесе Александар Божиков од Фабрика Карпош
- Систина беше екипата која ја зема наградата за Фер Плеј
- Петре Велигденов од екипата на Телеком беше избран за ветеран на сезоната
- За најдобар играч на регуларниот дел беше прогласен Ведат Арслан
- Најдобриот гол оваа година го постигна Сашо Кароски – Џуме кој ја однесе наградата
- Најдобар играч на завршниот турнир беше Мартин Алаѓозовски од екипата на Лукоил која воедно ги имаше и најдобриот тренер Васко Стефанов и голман Маријан Цветковски