Систина проработе во второто полувреме во дуелот со АрцелорМитал
Систина 4-3 (0-0) АрцелорМитал
Систина: Даниел Боневски 22’, 25’, Ивица Петровски 27’, Александар Јаневски 28’
АрцелорМитал: Љупчо Шегмановиќ 31’, 36’, Александар Илиев 35’
Во текот на целото прво полувреме екипите на Систина и АрцелорМитал главниот акцент и фокус го имаа ставено на одбраната, што може да се види и од резултатот на полувремето 0-0. Тешко се доаѓаше до отворена позиција за шут кон голот благодарение на добрата одбрана. Систина одлично го отвори второто полувреме и за само 4’ преку Даниел Боневски дојде до водство од 2-0, кое во понатамошниот тек од натпреварот се зголемуваше се до 31’ кога АрцелорМитал направи обид да се врати во натпреварот, но во тоа не успеа па го загуби овој натпревар со 4-3. Мора да напоменеме дека Систина на голот го имаше одличниот Амел Аломеровиќ.
Лукоил му се реваншира на Монтенегро за минатогодишното финале
Лукоил 7-4 (3-2) Монтенегро
Лукоил: Дејан Зиков 5’, 20’, 26’, Марјан Цветковски 12’, Жарко Климкаров 29’, Љупчо Апостоловски 34’, Александар Аврамовски 35’
Монтенегро: Горан Новакоски 15’, 35’, Ивица Јанковски 18’, Даниел Настевски 40’
Во дербито на колото во првата половина на првото полувреме Лукоил целосно ја имаше контролата и дојде до водство од 2 гола, за да во втората половина Монтенегро се врати целосно во натпреварот, но Лукоил не дозволи на полувремето да се отиде со нерешен резултат, па го сврте резултатот во своја полза со 3-2. Во второто полувреме апсолутна доминација на екипата на Лукоил, пред се во делот на нападот каде што имаше одлична реализација која ги доведе до неочекувано убедлива победа на овој натпревар од 7-4.
ЕЛЕМ преку одличен напад до победа над ОНЕ
ОНЕ 6-7 (3-4) ЕЛЕМ
ОНЕ: Слободан Кекеновски 9’, Дарко Таневски 18’, 32’, Илхан Алити 20’, 38’, 39’
ЕЛЕМ: Ристо Стефановски 5’, Антонио Ничевски 11’, Александар Николовски 13’, 15’, Влатко Петровски 21’, 29’, Димче Димитријески 29’
Во првото полувреме екипата на ЕЛЕМ играше доста офанзивно, што му овозможи да оствари предност која ОНЕ со цврста одбрана ја „бркаше“ за да стигне 3-4 на полувремето (само гол предност за ЕЛЕМ). Во второто полувреме ЕЛЕМ не му дозволи на ОНЕ да фати резултатски приклучок, беше доминантен пред се во делот на нападот и го доби овој натпревар со 6-7.