Се работи за дисциплина наречена Скајранер која е популарна во светски рамки, ама меѓу спортистите, така што не се јачајте ако не сте Дејан Тодевски.
Тој е член на планинарското друштво „Македон“ и редовен учесник на трки во планинско трчање.
Овој негов подвиг се случи викендов на Водно трчајки нон стоп 20 пати од средно до врв. Почнал во сабота во 16 часот, завршил во недела во 16 часот.
Уште две констатации. Дејан не спиел 24 часа, а го фати и дожд.