На Силверстоун механичарите на Ред Бул покажаа неверојатна класа откако го опслужија болидот на Пјер Гасли во 12 круг за рекордни 1,91 секунда.
Gone in 1️⃣.9️⃣1️⃣ seconds!
— Formula 1 (@F1) July 15, 2019
A. NEW. WORLD. RECORD!!!
👏👏👏 @redbullracing#BritishGP 🇬🇧 #F1 @DHL_Motorsports pic.twitter.com/5n1dliB0TX
Претходниот рекорд, многу близу до новиот, го држеше тимот на Вилијамс чии механичари во 2016 година на Гран при Европа го стокмија својот пулен за 1,92 секунди:
Но треба да се има предвид дека пред 3 години гумите тежеа по 3 килограми, а современите тежат до 1 килограм, оние задните половина килограм од гума. Да се креваат и местат е далеку полесно физички отколку претходно, но во секој случај новиот рекорд е огромно достигнување.
Покрај неверојатниот резултат со болидот на Гасли, механичарите на Ред Бул експресно брзо го опслужија во 13-от круг и болидот на Макс Ферстапен - за 1,96 секунди! Благодарение на овој труд на механичарите, Холанѓанецот на крајот имаше одличен резултат.