Шпанецот Хорхе Лоренцо (28) пред трката во Валенсија имаше седум бодови помалку од својот тимски колега Валентино Роси (37), а до титулата дојде благодарение на седмиот триумф сезонава. На тој начин, Лоренцо се врати на тронот после три години, а ја освои третата титула во кралската класа во која до својот прв шампионски пехар стигна во 2010. година.
Лоренцо славеше пред преполни трибини во Валенсија пред двоецот на Репсол Хонда, Марк Маркес и Дани Педроса. Докторот Роси заврши како четвртопласиран иако ја стартуваше трката како последнопласиран. Лоренцо ја заврши сезоната со само пет бодови предност во однос на Италијанецот, додека Маркес е далеку зад нив во генералниот пласман.
Стартот на трката:
Новиот шампион водеше од стартот до целта во Валенсија и на крајот победи со помалку од една секунда пред Маркес. Валентино Роси, којшто последната титула ја освои во 2009. година, остана морален победник и возач чиишто бројки уште долго време ќе бидат предизвик за останатите ривали: девет титули светски првак, од кои седум во Мото ГП шампионатот.
Со неверојатен подвиг лидерот на шампионатот Валентино Роси надомести 12 позиции во само два круга, а потоа продолжи да ги престигнува конкурентите во побавно темпо. Воглавном со мајсторко возење, Роси од 26-та позиција стигна до четвртото место што беше единствено остварливо денес и со овации од трибините заостана на крајот околу 12 секунди зад водечката тројка. После казната, Докторот го направи тоа што беше до него, но недостасуваше нападот на Хонда врз Лоренцо.
Со триумфот на Лоренцо, Јамаха ја освои првата титула од 2012. година кога шампион исто беше Лоренцо а во меѓувреме на трофеите се радуваше младиот Маркез. Невообичаено и чудно беше што на крајот при прославата на титулата, додека Лоренцо го облекуваше фамозниот костум на ајкула се слушнаа свирежи. Дали го исвиркаа присутните Италијанци или и Шпанците кои не беа задоволни од епилогот со Валентино Роси останува дилема.
Сезонава четири трки се возеа во Шпанија и на сите четири триумфираше новиот светски шампион, Хорхе Лоренцо. На крајот, Лоренцо 330 бодови, Валентино Роси 325.
Последните 15 светски шампиони:
2000 - Кени Робертс Џуниор (САД, Сузуки)
2001 - Валентино Роси (Италија, Хонда)
2002 - Валентино Роси (Италија, Хонда)
2003 - Валентино Роси (Италија, Хонда)
2004 - Валентино Роси (Италија, Јамаха)
2005 - Валентино Роси (Италија, Јамаха)
2006 - Ники Хајден (САД, Хонда)
2007 - Кејси Стонер (Австралија, Дукати)
2008 - Валентино Роси (Италија, Јамаха)
2009 - Валентино Роси (Италија, Јамаха)
2010 - Хорхе Лоренцо (Шпанија, Јамаха)
2011 - Кејси Стонер (Австралија, Хонда)
2012 - Хорхе Лоренцо (Шпанија, Јамаха)
2013 - Марк Маркез (Шпанија, Хонда)
2014 - Марк Маркез (Шпанија, Хонда)
2015 - Хорхе Лоренцо (Шпанија, Јамаха)
Најмногу 500 cc/МОТО ГП титули:
Џакомо Агостини (Италија) 8
Валентино Роси (Италија) 7
Мајк Дуан (Австралија) 5
Џеф Дјук (Велика Британија) 4
Џон Суртис (Велика Британија) 4
Мајк Хејвуд (Велика Британија) 4
Еди Лосон (САД) 4
Кени Робертс (САД) 3
Вејн Рени (САД) 3
Хорхе Лоренцо (Шпанија) 3
2000 - Кени Робертс Џуниор (САД, Сузуки)
2001 - Валентино Роси (Италија, Хонда)
2002 - Валентино Роси (Италија, Хонда)
2003 - Валентино Роси (Италија, Хонда)
2004 - Валентино Роси (Италија, Јамаха)
2005 - Валентино Роси (Италија, Јамаха)
2006 - Ники Хајден (САД, Хонда)
2007 - Кејси Стонер (Австралија, Дукати)
2008 - Валентино Роси (Италија, Јамаха)
2009 - Валентино Роси (Италија, Јамаха)
2010 - Хорхе Лоренцо (Шпанија, Јамаха)
2011 - Кејси Стонер (Австралија, Хонда)
2012 - Хорхе Лоренцо (Шпанија, Јамаха)
2013 - Марк Маркез (Шпанија, Хонда)
2014 - Марк Маркез (Шпанија, Хонда)
2015 - Хорхе Лоренцо (Шпанија, Јамаха)
Најмногу 500 cc/МОТО ГП титули:
Џакомо Агостини (Италија) 8
Валентино Роси (Италија) 7
Мајк Дуан (Австралија) 5
Џеф Дјук (Велика Британија) 4
Џон Суртис (Велика Британија) 4
Мајк Хејвуд (Велика Британија) 4
Еди Лосон (САД) 4
Кени Робертс (САД) 3
Вејн Рени (САД) 3
Хорхе Лоренцо (Шпанија) 3