Кароски со погодок во клучниот момент му донесе победа на Гранит во дуелот со НЛБ Банка

Македонски Телеком, Гранит и Елем ги освоија бодовите во последниот ден од 8. коло во Бизнис лигата на Македонија.

ЕЛЕМ со пресврт до победа над ЈСП
ЈСП 6-7(3-2) ЕЛЕМ
ЈСП:Велко Серафимовски 3’ 6’ 36’ Љупчо Павловиќ 19’ 35’ Марјан Србиновски 29’
ЕЛЕМ: Антонио Ничевски 1’ Влатко Петровски 5’ 23’ 30’ Диме Милевски 23’ Синиша Ковачевиќ 25’ 31’

Натпреварот помеѓу ЈСП и ЕЛЕМ го отвори Ничевски кој му донесе предност на ЕЛЕМ уште во прата минута, за по само две минути ЈСП да возврати преку Серафимовски за 1-1. Во текот на целото полувреме се играше израмнет фудбал и на двете страни. Мора да напоменеме дека и двете екипи играа со голман играч преку кој успеваа да створат играч плус во нападот, при резултат од 2-2 екипата на ЈСП преку Павловиќ буквално во последната секунда од полувремето успеа да стекне предност од 3-2. Во второто полувреме ЕЛЕМ преку Петровски по само две минути игра успеа да го израмни резултатот на 3-3 со што ЕЛЕМ доби самодоверба па преку Милевски поведе со 3-4. Во финишот на натпреварот ЕЛЕМ успеа да го задржи водството и во тесна завршница да го добие овој натпревар со резултат од 6-7.

Лошата концентрација кај Окта причина за пораз во дуелот со Македонски Телеком
Македонски Телеком 4-1(0-0) Окта
Македонски Телеком: Душко Симоноски 23’ Гоце Филипов 24’ Ивица Вељановски 35’ Михајло Лазаревски 36’
Окта: Живко Котевски 40’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Македонски Телеком и Окта, во висок ритам и со добра поставеност во одбраната на двете страни. Екипата на Окта со одлична игра во текот на полувремето имаше неколку стопостотни шанси кои не успеa да ги искористи. Екипата на Македонски Телеком со брзи акции и истурени во нападот се обидуваше да ја пробие одбраната на Окта па на полувремето се замина со резултат од 0-0. Во второто полувреме дојде до пад во концентрацијата кај Окта што Македонски Телеком успеа да го искористи и дојде до предност од 2-0. Окта се обиде да се врати во натпреварот и во своите редови внесе голман-играч благодарение на кој се подобри организацијата на играта и се створи вишок во нападот, што ја остави ранлива во обраната која грешка ја искористи екипата на Македонски Телеком која дојде до победа од 4-1.

Кароски со погодок во клучниот момент му донесе победа на Гранит во дуелот со НЛБ Банка
Гранит 6-4(4-3) НЛБ Банка
Гранит: Стеван Митревски 3’ Пепи Мицев 5’ Семир Прентиќ 8’ Сашо Кароски 16’ 34’ Дарко Стојановски 40’
НЛБ Банка: Дејан Кекеновски 5’ Милош Денковски 17’ Жарко Димитриевски 17’ Мирослав Јовановски 30’
Последниот натпревар од осмото коло го одиграа екипите на Гранит и НЛБ Банка.

Натпреварот го отвори екипата на Гранит преку Миревски во третата минута со што и даде самодоверба на екипата која се до завршните 5 минути од полувреме имаше резултатска предност од 4-1, кога екипата на НЛБ Банка влезе во вистински ритам и успеа да се избори до само гол предност на Гранит за 4-3 на полувремето. Во второто полувреме екипата на НЛБ Банка успеа да го израмни резултатот на 4-4 со еврогол на Јовановски од средината на теренот, но Гранит го имаше во своите редови расположениот Кароски кој погоди во клучните моменти за победа од 6-4.

25 ноември 2016 - 09:58